а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сладок

слатки
Вид збор: Придавка
Ранг: 2014
1. Што има вкус својствен на шеќер, мед; приготвен со шеќер.
Англиски: sweet Албански: i ëmbël
Употреба: Гастрономија
Примери:
слатки лубеници
сладок како мед
слатко кафе
сладок ориз
слатка ракија
2. За јадење - вкусен.
Англиски: tasty Албански: i shijshëm
Примери:
слатка вечера
3. Исполнет со задоволство, среќа, радост.
Англиски: happy Албански: i ëmbël
Употреба: Преносно значење
Примери:
сладок живот
слатка работа
4. Пријатен, што причинува задоволство; за глас, звук - пријатен за уво, нежен.
Англиски: pleasant Албански: i këndshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
сладок одмор
сладок сон
сладок глас
слатки мелодии
5. умилен, нежен; убав, сакан
Англиски: sweet Албански: i ëmbël
Употреба: Преносно значење
Примери:
слатки зборови
слатко лице
слатко дете
Браќа слатки!
Изрази
(посл.) Слатката реч и железна врата отвора.
(посл.) Првиот залак е најсладок.