Гастрономија - категорија

чаен повеќе

чајни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на чај, што е за со чај.
Албански: i çajit

чај повеќе

мн. чаеви
Вид збор: Именка, машки род
Специјално обработени и исушени лисја од тоа растение, од кои се приготвува напивка.
Англиски: tea Турски: çay Албански: çaj
Топла напивка од исушените лисја на тоа растение.
Англиски: tea Турски: çay Албански: çaj
Разни ароматни и лековити билки, цветови или напивката од нив.
Англиски: tea Турски: çay Албански: çaj, pije

чајарник повеќе

Види и: чајник (м.)
мн. чајарници
Вид збор: Именка, машки род
Сад во кој се вари чај.
Англиски: teakettle Албански: çajnik, çajnicë

чајник повеќе

мн. чајници
Вид збор: Именка, машки род
Метален сад за варење и послужување чај.
Англиски: teakettle Албански: çajnik, çajnicë
Примери:
Чајникот весело пуфкаше.

чајџилница повеќе

мн. чајџилници
Вид збор: Именка, женски род
Кафеана каде се пие чај.
Англиски: tea shop Албански: çajtore
Примери:
Седеше во една чајџилница на Бит-пазар и играше табла.

червиш повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Сок од месо во јадење.
Англиски: sauce Турски: çerviş Албански: çervish

черевиз повеќе

Види и: керевиз (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
целер
Англиски: celery Турски: kereviz Албански: selino, celer

чесен повеќе

мн. чесни
Вид збор: Именка, машки род
Одделен дел од главица лук.
Англиски: clove Албански: thelë

чиниче повеќе

Види и: чинија (ж.)
мн. чиничиња
Вид збор: Именка, среден род
чинија
Англиски: plate

чипс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Пржени и зачинети тенки парчиња од компир.
Англиски: chips

чкембарница повеќе

Види и: шкембарница (ж.)
мн. чкембарници
Вид збор: Именка, женски род
шкембарница
Албански: shitore për kukurec

чкембеџилница повеќе

Види и: шкембеџилница (ж.)
мн. чкембеџилници
Вид збор: Именка, женски род
шкембеџилница
Албански: gjelltore për kukurec

чкето повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вид чорбесто јадење со запржено јагнешко месо со лук и многу магдонос.
Албански: sket

чоканче повеќе

мн. чоканчиња
Вид збор: Именка, среден род
Шишенце за пиење ракија.
Англиски: flask Албански: faqore për raki

чоколада повеќе

мн. чоколади
Вид збор: Именка, женски род
Смеса во вид на маса од какао, путер, шеќер.
Англиски: chocolate Албански: çokollatë
Како одделна табла од таа маса.
Англиски: chocolate Албански: çokollatë

чоколаден повеќе

чоколадни
Вид збор: Придавка
Што е направен од чоколада или што содржи чоколада.
Албански: çokollate
Примери:
Чоколадни бонбони.

чоколадо повеќе

Види и: чоколада (ж.)
мн. чоколада
Вид збор: Именка, среден род
чоколада
Англиски: chockolate

чомлек повеќе

мн. чомлеци
Вид збор: Именка, машки род
Јадење од варено говедско месо со кромид и лук.
Англиски: stew Турски: çömlek Албански: çomlek, gjyveç

чорба повеќе

мн. чорби
Вид збор: Именка, женски род
густа супа
Англиски: soup Турски: çorba Албански: çorbë

чорбалак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Ретка чорба.
Англиски: soup Албански: supë

чорбест повеќе

чорбести
Вид збор: Придавка
Во вид на чорба.
Албански: çorbe

чорбица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
чорба
Англиски: soup Албански: çorbëz

чурек повеќе

мн. чуреци
Вид збор: Именка, машки род
Вид печиво - бел леб, месен со маја и премачкан озгора со јајце.
Турски: çörek Албански: kifle
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш