Гастрономија - категорија

лаана повеќе

мн. лаани
Вид збор: Именка, женски род
зелка
Англиски: cabbage Турски: lahana Албански: lakër

лавор повеќе

мн. лаври
Вид збор: Именка, машки род
Вечно зелено дрво со мирисливи листови што се употребуваат како зачин.
Латински: Laurus nobilis Англиски: laurel Албански: dafinë

лангида повеќе

мн. лангиди
Вид збор: Именка, женски род
Вид тестенина слична на дебела палачинка.
Албански: lloj petulle

лапа повеќе

мн. лапи
Вид збор: Именка, женски род
Каша од нешто.
Англиски: porridge Турски: lapa Албански: qull

лапниголтни повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Вид пивтиесто слатко.
Албански: peltë

леб повеќе

мн. лебови
Вид збор: Именка, машки род
Основен прехранбен производ што се меси од брашно (пченично, пченкарно, 'ржено итн.) и потоа се пече.
Англиски: bread Српски: хлеб Албански: bukë Бугарски: хляб Грчки: ψωμί
храна воопшто
Англиски: food

лебарница повеќе

мн. лебарници
Вид збор: Именка, женски род
продавница за леб
Англиски: bakery Албански: furrë
пекарница
Англиски: bakery Албански: furrë

лебинка повеќе

мн. лебинки
Вид збор: Именка, женски род
погача

леблебија повеќе

мн. леблебии
Вид збор: Именка, женски род
Печен плод од слануток, наут што се употребува како храна.
Латински: Ciсеr arietinum Англиски: chickpea Турски: leblebi Албански: leblebi

леблебиџилница повеќе

мн. леблебиџилници
Вид збор: Именка, женски род
Работилница каде што се произведуваат леблебии.
Албански: punëtori për leblebi
Продавница за леблебии.
Албански: shitore për leblebi

леблеби-шеќер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Леблебија приготвена со шеќер.
Турски: leblebı şeker Албански: sheqer-leblebi

лепиња повеќе

мн. лепињи
Вид збор: Именка, женски род
Вид тркалезен мек леб.

лепче повеќе

Види и: леб (м.)
мн. лепчиња
Вид збор: Именка, среден род
леб
Англиски: roll Албански: bukëz

леќа повеќе

мн. леќи
Вид збор: Именка, женски род
Bид градинарско растение со зрнест плод во мешунка.
Латински: Ervum lens Англиски: lentil Албански: thjerrëz

лешник повеќе

мн. лешници
Вид збор: Именка, машки род
Плод од леска.
Англиски: hazelnut Албански: lajthi

лижавче повеќе

Види и: лижалче (ср.)
мн. лижавчиња
Вид збор: Именка, среден род
Бонбона ставена на стапче.
Англиски: lollipop

лижалче повеќе

мн. лижалчиња
Вид збор: Именка, среден род
Бонбона ставена на стапче.
Англиски: lollipop Албански: lëpirëse, lëpijse

ликер повеќе

мн. ликери
Вид збор: Именка, машки род
Сладок и ароматичен алкохолен пијалак од пречистен алкохол, шеќер, овошен сок и етерично масло.
Англиски: liqueur

лимета повеќе

мн. лимети
Вид збор: Именка, женски род
Цитрусово дрво и овошје со зелени плодови, слични на лимон.
Латински: Citrus aurantifolia Англиски: lime

лимон повеќе

мн. лимони
Вид збор: Именка, машки род
Плод на лимоново дрво што содржи кисел и ароматичен сок.
Англиски: lemon Албански: limon

лимонада повеќе

мн. лимонади
Вид збор: Именка, женски род
Освежителен безалкохолен пијалак од лимонов сок и вода.
Англиски: lemonade Турски: limonata Албански: limonadë

лимонтуз повеќе

мн. лимонтузи
Вид збор: Именка, машки род
Лимонова киселина во цврста состојба (ситни кристали).
Турски: limon tozu Албански: acid limoni

ловор повеќе

Види и: лавор (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Дрво со ароматични листови што се употребуваат како зачин.
Латински: Laurus nobilis Англиски: laurel Српски: ловор Албански: dafinë

лој повеќе

(едн.) лојот
Вид збор: Именка, машки род
Животинска маст, мрсно од говедо, овца, коза и сл.
Англиски: grease, tallow Српски: лој Албански: dhjamë Бугарски: лой

локал повеќе

мн. локали
Вид збор: Именка, машки род
Просторија во која луѓето доаѓаат заради забава.
Англиски: bar Албански: lokal

локум повеќе

мн. локуми
Вид збор: Именка, машки род
Слатки од нишесте, брашно, шеќер, ореви и др.
Англиски: turkish honey Турски: lokum Албански: llokum

лук повеќе

(едн.) лукот
Вид збор: Именка, машки род
Зеленчуково раcтение со подземно стебло во облик на главица од чешниња и зелени перца над земјата.
Латински: Аllium sativum Англиски: garlic Албански: hudhër

луканка повеќе

мн. луканки
Вид збор: Именка, женски род
Вид колбас (обично димен).
Албански: salciçe Бугарски: луканка

лутеница повеќе

мн. лутеници
Вид збор: Именка, женски род
Вид зимница од печен сечкан пипер, варени домати, лук и магдонос и цели лути пиперчиња.
Албански: zahire dimri, lloj ajvari Бугарски: лютеница

лутина повеќе

(едн.) лутината
Вид збор: Именка, женски род
Лут вкус.
Англиски: hot taste Албански: djegësim

лутникав повеќе

лутникавиот
Вид збор: Придавка
Што лути по малку, што не лути многу.
Англиски: spicy

лучница повеќе

мн. лучници
Вид збор: Именка, женски род
Дрвен сад за толчење лук.
Англиски: bowl
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш