grease - онтологија

измрси повеќе

измрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде мрсно.
Албански: lyrësoj, lyej me yndyrë
Извалка со нешто мрсно.
Албански: damkos, njollos
(се измрси) Се извалка со нешто мрсно.
Албански: njollos me yndyrë

катран повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Маст за подмачкување тркала, коломаз.
Турски: katran Албански: lyrë, graso

коломаст повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Маст за подмачкување на тркала, колца, осовини и сл.

лоец повеќе

Види и: лој (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
лој
Употреба: Хипокористика

лои повеќе

лојат
Вид збор: Глагол, несвршен
Натопува, мачка со лој.

лој повеќе

(едн.) лојот
Вид збор: Именка, машки род
Животинска маст, мрсно од говедо, овца, коза и сл.
Српски: лој Албански: dhjamë Бугарски: лой
Употреба: Гастрономија

мазиво повеќе

мн. мазива
Вид збор: Именка, среден род
Средство за подмачкување машини (масло).
Употреба: Технологија

мазило повеќе

Види и: мазиво (ср.)
мн. мазила
Вид збор: Именка, среден род
мазиво
Употреба: Технологија

налои повеќе

налојат
Вид збор: Глагол, свршен
Намачка со лој.

намрси повеќе

намрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, тури мрсно (сало, масло) при месење, при готвење.
Албански: lyej me shumë yndyrë
Употреба: Гастрономија
(се намрси) Се извалка со нешто мрсно.
Албански: njollosem me yndyrë

натучи повеќе

натучат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави маст, намрси, запржи со маст.
Албански: bëj me yndyrë
Употреба: Гастрономија

омрси повеќе

омрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Прави нешто да стане мрсно.
Албански: lëmoj