Гастрономија - категорија

раванија повеќе

мн. равании
Вид збор: Именка, женски род
Вид ориентална слатка, печено тесто (со јајца) полиено со шербет.
Турски: revani Албански: revani

рагу повеќе

мн. рагуа
Вид збор: Именка, среден род
Вид јадење од ситно сечкано месо.
Англиски: ragout Француски: ragoût Албански: ragu

ражен повеќе

мн. ражни
Вид збор: Именка, машки род
За печење месо на жар.
Англиски: skewer Албански: skarë
Примери:
Ќе го печат на ражен.

раженче повеќе

мн. раженца
Вид збор: Именка, среден род
ражен
Англиски: skewer Албански: skarë
Ситни парченца месо печени на жар.
Албански: mish në skarë
Примери:
Изеде две раженчиња.

ражне повеќе

Види и: ражен (м.)
Вид збор: Именка, среден род
ражен
Англиски: skewer Албански: skarë

развари повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
Свари нешто до полна мекост.
Англиски: cook Албански: ziej shumë
Примери:
Убаво да го развариш месото.
(се развари, само во 3 л.) Се свари , стане сосем меко.
Англиски: cook Албански: ziej
Примери:
Сите дробенки се развариле.

разлути повеќе

разлутат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто многу луто (со лут вкус).
Англиски: make spicy Албански: hidhëroj

ракивче повеќе

мн. ракивчиња
Вид збор: Именка, среден род
ракиичка

ракиен повеќе

ракиена
Вид збор: Придавка
Служи за ракија.
Албански: rakie
Примери:
Ракиена чаша.

ракиица повеќе

Види и: ракија (ж.)
мн. ракиици
Вид збор: Именка, женски род
ракија
Англиски: spirits Албански: rakiçkë

ракија повеќе

мн. ракии
Вид збор: Именка, женски род
Алкохолен пијалак добиен со дестилација на вино или ферментација на овошен сок.
Англиски: spirits Турски: rakı

ракиџијница повеќе

Види и: ракиџилница (ж.)
мн. ракиџијници
Вид збор: Именка, женски род
ракиџилница

рамстек повеќе

мн. рамстеци
Вид збор: Именка, машки род
Парче чисто, меко, сочно јунешко месо од страничниот дел на грбот.
Англиски: rump steak

расол повеќе

(едн.) расолот
Вид збор: Именка, машки род
кисела зелка
Англиски: sauerkraut Албански: rasoll, lakër turshi

расолка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Лист од кисела зелка.
Албански: flegër lakre turshi

расолник повеќе

мн. расолници
Вид збор: Именка, машки род
Пита со кисела зелка.
Англиски: pie Албански: pite me lakër turshi

расолница повеќе

(едн.) расолницата
Вид збор: Именка, женски род
Водата во која стои расолот.
Англиски: brine Албански: rasoll, shëllirë
Примери:
Испи една чаша расолница.

ребренце повеќе

мн. ребренца
Вид збор: Именка, среден род
ребро
Англиски: rib Албански: brinjë e vogël

ребро повеќе

мн. ребра
Вид збор: Именка, среден род
Во исхраната, специјалитет подготвен од месо со коска.
Англиски: rib

реже повеќе

режат
Вид збор: Глагол, несвршен
За пијалак - штипе по јазикот, непцето.
Албански: shtip

режовит повеќе

режовити
Вид збор: Придавка
За пијалак - што реже.
Англиски: sparkling Албански: pres, grij

резанка повеќе

мн. резанки
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Сосем тенко изрежано тесто кое се користи за супи, чорби или како прилог кон јадење.
Англиски: pasta Албански: rriskë

резлив повеќе

резливиот
Вид збор: Придавка
За пијалак - што реже.
Англиски: sparkling Албански: pije me gaz

релиш повеќе

мн. релиши
Вид збор: Именка, машки род
Вид пикантно пире од слатко-кисели маринирани зеленчуци што се употребуваат како додаток за јадења со месо во англиската кујна.
Англиски: relish

рен повеќе

мн. ренови
Вид збор: Именка, машки род
Повеќегодишно растение со дебел цилиндричен месест корен, познат како лут корен што се користи во исхраната како зачинска билка.
Латински: Armoracia lapathifolia Англиски: Horseradish
Примери:
ливадски рен

ренда повеќе

Види и: рендосува (несв.)
рендаат
Вид збор: Глагол, несвршен
рендосува
Англиски: grate Турски: rendelemek

рендоса повеќе

рендосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Иструже со ренде.
Англиски: grate Турски: rendelemek Албански: grij me rende

рендосува повеќе

Види и: рендоса (св.)
рендосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
рендоса
Англиски: grate Турски: rendelemek

репете повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Повторување, обично: повторно добивање јадење.
Англиски: second helping Албански: përsëritje, repete haje

рерна повеќе

рерната
Вид збор: Именка, женски род
Дел од шпорет во кој се пече леб, месо, слатки итн.
Англиски: oven Германски: Backröhre Албански: furrë

ресторан повеќе

мн. ресторани
Вид збор: Именка, машки род
Угостителски објект каде што се служат храна и пијалаци.
Англиски: restaurant Албански: restorant

ресторански повеќе

Види и: ресторан (м.)
ресторанскиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ресторан.
Албански: restorani

ресторатер повеќе

мн. ресторатери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со ресторанска дејност, сопственик на ресторан.
Англиски: restaurateur

ресторација повеќе

Види и: ресторан (м.)
мн. ресторации
Вид збор: Именка, женски род
ресторан
Англиски: restaurant Албански: restoran

рецепт повеќе

мн. рецепти
Вид збор: Именка, машки род
Упатство за начинот на приготвувањето на нешто.
Англиски: recipe Албански: reçetë

речел повеќе

мн. речели
Вид збор: Именка, машки род
Вид слатко од мешано овошје (тиква, дуња, грозје и сл.) варено во шира или во гроздов сок, во маџун.
Англиски: preserve Турски: reçel Албански: reçel

реш повеќе

Вид збор: Придавка
Добро печен, кој крцка.
Англиски: cross Албански: i pjekur, i rreshkur

решо повеќе

мн. решоа
Вид збор: Именка, среден род
Уред на кој може да се готви со електрична струја или гас.
Англиски: stove Француски: rechaud Албански: stufë

ржаник повеќе

Види и: рженик (м.)
мн. ржанци
Вид збор: Именка, машки род
Леб направен од ’ржано брашно.
Англиски: rye-bread Албански: bukë thekri

рженик повеќе

мн. рженици
Вид збор: Именка, машки род
'ржен леб
Англиски: rye-bread Албански: bukë thekre

ржовит повеќе

ржовитиот
Вид збор: Придавка
Што содржи ’рж.

рибанка повеќе

мн. рибанки
Вид збор: Именка, женски род
Големо парче, обично пресечен леб.
Англиски: slice

рибар повеќе

мн. рибари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што сака многу риба.
Англиски: fish lover Албански: adhurues peshku

рибин повеќе

рибиниот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на риба; приготвен од риба.
Англиски: fish Албански: peshku

рибно повеќе

рибното
Вид збор: Именка, среден род
Јадење од риба, со риба.
Албански: haje peshku
Примери:
Денеска имаме за ручек рибно.

ризлинг повеќе

ризлингот
Вид збор: Именка, машки род
Вид бело грозје и вино.
Англиски: Riesling Германски: Riesling Албански: rizling

ризото повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вид јадење со ориз.
Англиски: risotto Албански: pilaf

рикота повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Меко италијанско сирење произведено од млеко од биволица.
Англиски: ricotta

ркулец повеќе

Види и: ртулец (м.)
мн. ркулци
Вид збор: Именка, машки род
(’ркулец) 'ртулец
Англиски: sprout Албански: filiz, lastar

ролат повеќе

ролатот
Вид збор: Именка, машки род
Јадење од виткано месо.
Англиски: roulade Албански: rrollatë
виткани слатки
Англиски: roll Албански: rrollatë

росница повеќе

мн. росници
Вид збор: Именка, женски род
(обично во множина) вид каша
Англиски: porridge

рскавичав повеќе

рскавичавиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на 'рскавица, што е со многу 'рскавица.
Англиски: gristly, cartilaginous Албански: kërcor

рскавичен повеќе

рскавичниот
Вид збор: Придавка
Што е од 'рскавица.
Англиски: cartilaginous Албански: kërcor

руен повеќе

рујни
Вид збор: Придавка
Најчесто како епитет на вино - убаво, бистро, црвено.
Англиски: red Албански: e kuqe, e çiltër

рузмарин повеќе

(едн.) 0рузмаринот
Вид збор: Именка, машки род
Вид средоземноморско растение со кожести лисје и ситен цвет, од кое се добива етерно масло.
Латински: Rosmarinus officinalis Англиски: rosemary Албански: rozmarinë

рукола повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Едногодишно растение чии листови се користат за салата.
Латински: Eruca sativa Англиски: arugula Албански: arugula, lloj sallatë

рунда повеќе

мн. рунди
Вид збор: Именка, женски род
Порачка на пијалак за сите на масата.
Англиски: round Албански: raund, cikël
Примери:
рунда пиво

руча повеќе

ручаат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изеде, јаде ручек.
Англиски: lunch Албански: drekoj

ручање повеќе

Види и: руча (св. и несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
јадење ручек
Англиски: lunch Албански: drekim
Примери:
Салон за ручање.
јадење, оброк
Англиски: dining Албански: ngrënie

ручек повеќе

мн. ручеци
Вид збор: Именка, машки род
Оброк што се јаде на пладне.
Англиски: lunch Албански: drekë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш