Правда - категорија

аболира повеќе

аболираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прекинува кривично гонење.
Англиски: pardon

аболиција повеќе

(едн.) аболицијата
Вид збор: Именка, женски род
Општ назив на акт на ослободување на сторител на кривично дело од кривично гонење или од извршување на кривична санкција.
Англиски: abolition

адвокат повеќе

мн. адвокати
Вид збор: Именка, машки род
Лице кое професионално се занимава со адвокатура како дејност, чија основна функција е давање правна помош.
Англиски: lawyer Албански: avokat

адвокатува повеќе

адвокатуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава со правна дејност, работи во функција на адвокат, брани други пред суд.
Албански: avokaton

адвокатура повеќе

мн. адвокатури
Вид збор: Именка, женски род
Адвокатска дејност.
Албански: avokatur

акламација повеќе

мн. акламации
Вид збор: Именка, женски род
Едногласно прифаќање или одбивање некој предмет.
Англиски: acclamation Албански: brohoritje

акцепт повеќе

мн. акцепти
Вид збор: Именка, машки род
Потпис на правен документ како обврска за исплаќање.
Англиски: acceptance Албански: pranim
Правен документ, меница со соодветен потпис.
Англиски: acceptance Албански: pranim

акцептација повеќе

мн. акцептации
Вид збор: Именка, женски род
Прифаќање обврска, ставање акцепт на извесна меница.
Англиски: acceptance Албански: pranim

акцептен повеќе

Види и: акцепт (м.)
акцептниот
Вид збор: Придавка
Што има својство на правен документ како основа за исплаќање; што се однесува на акцепт.

алиби повеќе

мн. алибија
Вид збор: Именка, среден род
Доказ дека обвинетиот во мигот на извршувањето на делото бил на друго место, а не на она каде што е извршено кривичното дело.
Англиски: alibi Албански: alibi

алиенација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Отуѓување, префрлање имот од едно на друго лице.
Англиски: alienation Албански: tjetërsim

алиментација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Судски определен износ за издржување на некое лице (жена, дете).
Англиски: maintenance

алкотест повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Утврдување на количината алкохол во крвта.
Англиски: breath test

амнестија повеќе

(едн.) амнестијата
Вид збор: Именка, женски род
Ослободување од кривично гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казна, замена на изречената казна со поблага казна, бришење на осудата или укинување правни последици од осудата на поименично неодреден број лица.
Англиски: amnesty

амнестира повеќе

амнестираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава амнестија.
Англиски: amnesty

амортизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Прогласување на загубени документи за неважечки.
Англиски: invalidation Албански: zhvlerësim

анекс повеќе

мн. анекси
Вид збор: Именка, машки род
Дополнителен прилог кон некој правен документ.
Англиски: annex

анотација повеќе

мн. анотации
Вид збор: Именка, женски род
Попис на запленети работи.
Англиски: annotation Албански: shkrim

антидржавен повеќе

Види и: противдржавен (прид.)
антидржавниот
Вид збор: Придавка
противдржавен
Англиски: subversive

антиуставен повеќе

антиуставниот
Вид збор: Придавка
Што е против уставот.

анулира повеќе

анулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поништи, поништува, прогласи, прогласува за неважечки.
Англиски: annul

апелација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Повисок суд до кој осудениот може да се жали.
Англиски: court of appeal Албански: gjykatë e apelit
Жалба до повисок суд.
Англиски: appeal Албански: apel

апелационен повеќе

апелациони
Вид збор: Придавка
Што се однесува на апелација.

апелациски повеќе

апелацискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на апелација.

апостил повеќе

мн. апостили
Вид збор: Именка, машки род
Печат со којшто се заверува изворноста или автентичноста на потписот, својството на лицето кое го потпишува документот и содржината на печатот или жигот со кои е снабден документот или јавната исправа.
Англиски: apostil

апс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
затвор
Англиски: jail Турски: hapis

апсана повеќе

Види и: апс (м.)
мн. апсани
Вид збор: Именка, женски род
апс
Англиски: jail Турски: hapishane

арбитер повеќе

мн. арбитри
Вид збор: Именка, машки род
Лице повикано да донесе правно обврзувачка одлука во спор што му е доверен на решавање од страните во некој договор.
Англиски: judge Албански: gjyqtar

арбитража повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Судење и пресуда на определен суд.
Англиски: arbitration Албански: arbitrazhi
Определен, избран суд.
Англиски: arbitration Албански: vend gjykimi

арбитрира повеќе

арбитрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Земе, зема учество во арбитража; пресуди, пресудува, донесе, донесува оцена за определена ситуација.
Англиски: arbitrate

асерват повеќе

мн. асервати
Вид збор: Именка, машки род
Конфискувани предмети од страна на полицијата што служат како доказ во судска постапка.
Англиски: exhibit

атентат повеќе

мн. атентати
Вид збор: Именка, машки род
Убиство на некоја позната личност.
Англиски: assassination

атентатор повеќе

мн. атентатори
Вид збор: Именка, машки род
Убиец на некоја позната личност, извршител на атентат.
Англиски: assassin
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш