Правда - категорија

банда повеќе

мн. банди
Вид збор: Именка, женски род
Толпа, група, дружина што врши злосторства.
Англиски: gang Албански: bandë

беззаконие повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Состојба на непочитување на законите и прописите во една држава, противзаконитост.
Англиски: lawlessness

беззаконски повеќе

беззаконска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на беззаконие.
Англиски: illegal

бележник повеќе

мн. бележници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што врши заверка на документи.
Англиски: notary

бесправен повеќе

бесправниот
Вид збор: Придавка
Што е без почитување, без примена на правото, на законот.
Англиски: illegal

бесправие повеќе

мн. бесправија
Вид збор: Именка, среден род
бесправност, беззаконие
Англиски: lawlessness

бивш повеќе

бивши
Вид збор: Придавка
покоен, починат, умрен
Англиски: late

бракоразвод повеќе

мн. бракоразводи
Вид збор: Именка, машки род
Развод на брак по судски пат.
Англиски: divorce

бракоразводен повеќе

бракоразводниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на развод на брак.

браненик повеќе

мн. браненици
Вид збор: Именка, машки род
Осомничено или обвинето лице кое има бранител.
Англиски: defendant

брани повеќе

бранат
Вид збор: Глагол, несвршен
Застапува некого на суд, е негов бранител.
Англиски: defend Албански: mbroj

бранител повеќе

мн. бранители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што го брани обвинетиот во кривична постапка.
Англиски: defense counsel Албански: mbrojtës
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш