Зоологија - категорија

лавица повеќе

мн. лавици
Вид збор: Именка, женски род
Женка на лавот.
Англиски: lioness Албански: luanesh
Храбра жена.
Англиски: lioness Албански: luanesh

лавче повеќе

Види и: лав (м.)
мн. лавчиња
Вид збор: Именка, среден род
лав
Англиски: lion Албански: luan i vogël
Младо од лав.
Англиски: lion cub Албански: luan klysh

лаеж повеќе

мн. лаежи
Вид збор: Именка, машки род
Звук на лаење.
Англиски: barking

лазарче повеќе

мн. лазарчиња
Вид збор: Именка, среден род
Инсект што лази.
Англиски: creeper Албански: insekt zvarritës

лазач повеќе

мн. лазачи
Вид збор: Именка, машки род
влечуга
Англиски: reptile

лазачка повеќе

мн. лазачки
Вид збор: Именка, женски род
Мала појна птица што лази по гранките.
Латински: Sitta europaea Англиски: European Nuthatch

лакерда повеќе

мн. лакерди
Вид збор: Именка, женски род
Примитивен безрбетник без вилица, надворешно сличен на јагула.
Латински: Petromyzon marinus Англиски: Sea lamprey

лактација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Создавање и излачување на млекото од млечните жлезди кај цицачите во периодот на доење.
Англиски: lactation

лама повеќе

мн. лами
Вид збор: Именка, женски род
Јужноамериканско домашно товарна животно од родот на камилите што се одгледува и заради млекото волната и месото.
Латински: Lamа glama Англиски: llama Албански: lamë

лангач повеќе

мн. лангачи
Вид збор: Именка, машки род
куче скитник
Англиски: cur

лапа повеќе

мн. лапи
Вид збор: Именка, женски род
шепа
Англиски: paw Албански: shputë, putër

ларва повеќе

мн. ларви
Вид збор: Именка, женски род
Почетен степен во развојот на некои инсекти и животни (комарец, пчела, пеперутка, некои риби итн.) што многу се разликува од возрасните примероци.
Англиски: larva

ларвест повеќе

ларвести
Вид збор: Придавка
Што е во стадиум на ларва.

ларвин повеќе

Види и: ларва (ж.)
ларвиниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на ларва.

ласица повеќе

мн. ласици
Вид збор: Именка, женски род
Вид грабливо животно од фамилијата куни со издолжено тело и долга опашка, со костенливо крзно на грбот и бело на предниот дел.
Латински: Mustela nivalis Англиски: weasel

ластовица повеќе

мн. ластовици
Вид збор: Именка, женски род
Преселна птица со чаталеста опашка и зашилени крилја, црна со бел преден дел.
Латински: Hirundinidae Англиски: swallow

ластовичин повеќе

ластовичиниот
Вид збор: Придавка
Што и припаѓа на ластовица, што се однесува на ластовица.

лебарка повеќе

мн. лебарки
Вид збор: Именка, женски род
Вид црн, крупен инсект што бега од светлина и излегува ноќе, а се храни со отпадоци од храна.
Латински: Blatta orientalis Англиски: cockroach

лебед повеќе

мн. лебеди
Вид збор: Именка, машки род
Бела, црна или сива пловна птица со долг врат, со жолт или со црн клун; живее во парови.
Латински: Cygnus Англиски: swan

лебедица повеќе

Види и: лебед (м.)
мн. лебедици
Вид збор: Именка, женски род
женка на лебедот
Англиски: swan

лемур повеќе

мн. лемури
Вид збор: Именка, машки род
Примат со густо, меко крзно и долга опашка што живее на островот Мадагаскар.
Латински: lemures Англиски: lemur

леопард повеќе

мн. леопарди
Вид збор: Именка, машки род
Големо диво животно од фамилијата мачки со жолтеникаво или сивкаво крзно со црни точки.
Латински: Раnthera pardus Англиски: leopard

леопардов повеќе

Види и: леопард (м.)
леопардовиот
Вид збор: Придавка
Што е од леопард, што се однесува на леопард.

лепешкар повеќе

мн. лепешкари
Вид збор: Именка, машки род
вид бумбар
Латински: Scarabaeus sacer Англиски: scarab beetle Албански: lloj bumbari, brumbull

летач повеќе

мн. летачи
Вид збор: Именка, машки род
Птица што може долго време да лета, да се задржи во воздух.
Англиски: flyer Албански: fluturuese

летница повеќе

мн. летници
Вид збор: Именка, женски род
Јалова пастрмка, летна риба што живее во Охридското Езеро, охридска пастрмка.
Латински: Salmo letnica Англиски: trout Албански: lenicë, troftë

лешинар повеќе

мн. лешинари
Вид збор: Именка, машки род
Животно што се храни од лешови.
Англиски: scavenger Српски: лешинар Бугарски: лешояд

лештарка повеќе

мн. лештарки
Вид збор: Именка, женски род
Птица од фамилијата тетреби, се храни со лешници.
Латински: Tetrastes bonasia Англиски: Hazel Grouse

лив повеќе

мн. ливови
Вид збор: Именка, машки род
диво животно
Англиски: beast Албански: bishë

лигна повеќе

мн. лигни
Вид збор: Именка, женски род
Морски главонози со издолжено тело.
Латински: Teuthida Англиски: squid

лилјак повеќе

мн. лилјаци
Вид збор: Именка, машки род
Мал цицач што лета, обично ноќно време.
Англиски: bat

лилјаче повеќе

мн. лилјачиња
Вид збор: Именка, среден род
Мал цицач што лета, обично ноќно време.
Англиски: bat Албански: lakuriq

лиљкапа повеќе

мн. лиљкапи
Вид збор: Именка, женски род
лилјак
Англиски: bat

линар повеќе

мн. линари
Вид збор: Именка, машки род
Слатководна риба од семејството крапови.
Латински: Tinca tinca Англиски: tench

линее повеќе

линеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Губи влакно, се митари (за животно).
Англиски: moult Албански: ndërroj qime, pupla

липицанер повеќе

мн. липицанери
Вид збор: Именка, машки род
Расен коњ добиен со вкрстување (cпоред ергелето во Липица, Словенија).
Англиски: Lipizzan horse

лисец повеќе

мн. лисци
Вид збор: Именка, машки род
Мажјак на лисица.
Англиски: fox Албански: dhelpnak

лисица повеќе

мн. лисици
Вид збор: Именка, женски род
Диво животно од родот на кучињата, со голема рунтава опашка и со изразито издолжена муцка.
Латински: vulpes vulpes Англиски: fox Албански: dhelpër

лисичар повеќе

мн. лисичари
Вид збор: Именка, машки род
Вид ловечко куче што се употребува во лов на лисици.
Англиски: foxhound

лисичји повеќе

лисичјиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на лисица.

лиска повеќе

мн. лиски
Вид збор: Именка, женски род
Bид водна птица, водна кокошка.
Латински: Fulica atra Англиски: coot Албански: zhytër

литмара повеќе

мн. литмари
Вид збор: Именка, женски род
бубамара
Англиски: ladybird Албански: mollëkuqe

лока повеќе

локаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пие вода (или зема течна храна) зафаќајќи ја со јазикот и притоа правејќи звук (најчесто за животни).
Англиски: drink Албански: locat, llap

лос повеќе

мн. лосови
Вид збор: Именка, машки род
Вид елен со големи лопатести рогови; северен елен.
Латински: Cervus аlсеѕ Англиски: elk, moose

лосос повеќе

мн. лососи
Вид збор: Именка, машки род
Крупна риба со валчесто тело и црвено месо, што живее во северните мориња, а икрата ја положува во слатки води.
Латински: Salmo salar Англиски: salmon

лутица повеќе

мн. лутици
Вид збор: Именка, женски род
Општ назив за отровна змија.
Латински: Viperidae Англиски: venomous snake

лушпа повеќе

мн. лушпи
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Тврди коскени или рожести плочки на телото на рибите.
Англиски: scale Албански: luspa
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш