Зоологија - категорија

бабун повеќе

мн. бабуни
Вид збор: Именка, машки род
вид мајмун, павијан
Латински: Papio Англиски: baboon Албански: majmun

бабушка повеќе

мн. бабушки
Вид збор: Именка, женски род
Штрбава, беззаба овца.
Англиски: toothless sheep Албански: dele pa dhëmbë
Bид мала риба во Брегалница.
Албански: lloj peshku

баде повеќе

мн. бадиња
Вид збор: Именка, среден род
шатче, патче
Англиски: duckling

бакалар повеќе

мн. бакалари
Вид збор: Именка, машки род
Вид риба од северните мориња.
Англиски: mackerel

балегар повеќе

мн. балегари
Вид збор: Именка, машки род
Вид бумбар, тврдокрилен инсект што живее во балеги.
Латински: Geotrupes stercorarius Англиски: dung beetle

безрбетник повеќе

мн. безрбетници
Вид збор: Именка, машки род
Bид животни коишто се без 'рбет и без скелет.
Латински: Invertebrata Англиски: invertebrate Албански: pakurrizor

бекне повеќе

бекнат
Вид збор: Глагол, свршен
За овца, јагне - испушти карактеристичен глас.
Англиски: bleat Албански: blegërij

белвица повеќе

мн. белвици
Вид збор: Именка, женски род
Вид ситна слатководна риба со бели, седефести крлушки; ендемски вид локализиран во Охридско Езеро.
Латински: Salmothymus ohridanus Англиски: belvica Албански: belushkë

белич повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Име за мажјак со бела боја кај домашните животни (коњ, вол).
Албански: bardhosh

белоглав повеќе

белоглавиот
Вид збор: Придавка
вид орел
Латински: Haliaeetus leucocephalus Англиски: bald eagle

белокрилка повеќе

мн. белокрилки
Вид збор: Именка, женски род
Штетник кај растенијата кој има жолто тело со два пара свилеста, бели крилца, покриени со бел восочен налеп.
Латински: Trialeurodes vaporariorum Англиски: Greenhouse whitefly

белоперка повеќе

мн. белоперки
Вид збор: Именка, женски род
Слатководна риба со сребренест мев, а со црвени перки.
Латински: Leuciscus rutilus

белотртка повеќе

мн. белотртки
Вид збор: Именка, женски род
птица пејачка
Латински: Saxicola оеnanthe Англиски: Wheatear

белоушка повеќе

мн. белоушки
Вид збор: Именка, женски род
Водна, неотровна змија со бела дамка зад ушите.
Латински: Natrix natrix Англиски: grass snake Албански: gjarpër bari

бенка повеќе

мн. бенки
Вид збор: Именка, женски род
Овца со црни петна по главата.
Албански: dele

беримас повеќе

мн. беримаси
Вид збор: Именка, машки род
вид мајски бумбар
Латински: Melolontha melolontha Англиски: cockchafer

бескрилен повеќе

бескрилниот
Вид збор: Придавка
Што е без крила.
Англиски: wingless

бивол повеќе

мн. биволи
Вид збор: Именка, машки род
Преживар од родот на говедата со црна кожа и јаки рогови.
Латински: bоѕ bubalus Англиски: buffalo

биволица повеќе

мн. биволици
Вид збор: Именка, женски род
Женка од бивол.
Англиски: buffalo

биволче повеќе

Види и: бивол (м.)
мн. биволчиња
Вид збор: Именка, среден род
бивол

бизон повеќе

мн. бизони
Вид збор: Именка, машки род
Преживар од родот на диви говеда, особено развиен и обрастен во предниот дел на телото, со куси нозе.
Англиски: bison

бик повеќе

мн. бикови
Вид збор: Именка, машки род
Нескопено говедо што најчесто служи за приплод.
Англиски: bull Албански: dem

бисерка повеќе

мн. бисерки
Вид збор: Именка, женски род
вид мисирка
Латински: Numida meleagris Англиски: Guineafowl

биче повеќе

мн. бичиња
Вид збор: Именка, среден род
Мало од бик.
Англиски: bull

боа повеќе

мн. бои
Вид збор: Именка, женски род
змиски цар
Латински: Boa constrictor Англиски: boa

богомолка повеќе

мн. богомолки
Вид збор: Именка, женски род
Вид инсект со зелени крила и со издолжено тело во поза како да се моли, инсект кој по чинот на оплодување женката го јаде мажјакот.
Латински: Mantis religiosa Англиски: praying mantis Албански: lloj insekti, skallçek

бојник повеќе

мн. бојници
Вид збор: Именка, машки род
Слатководна риба, вид крап.
Латински: Chondrostoma nasus Англиски: nase Албански: lloj peshku

болва повеќе

мн. болви
Вид збор: Именка, женски род
Ситен инсект со нозе прилагодени за скокање, без крила, кој живее како паразит по луѓето и животните.
Латински: Pulex iritans Англиски: flea

боска повеќе

мн. боски
Вид збор: Именка, женски род
Цицка од вимето кај крава.
Англиски: udder Албански: sisë

брав повеќе

мн. брави
Вид збор: Именка, машки род
овен
Англиски: ram Албански: dash
Општ назив за овци и кози.
Албански: dhen e dhij

брашнар повеќе

мн. брашнари
Вид збор: Именка, машки род
Вид штетен инсект што ја напаѓа зрнестата храна.
Латински: Tenebrio molitor Англиски: mealworm Албански: lloj insekti që sulmon kokrrat

брашнен молец повеќе

Види и: брашнен (прид.)
мн. брашнени
Вид збор: Сложенка
Bид инсект што се храни со брашно.
Латински: ephestia kuehniella zeller Англиски: flour moth

брсти повеќе

брстат
Вид збор: Глагол, несвршен
За животно - јаде лисја и млади гранчиња откинувајќи ги од стеблото.
Англиски: nibble

буба повеќе

мн. буба
Вид збор: Именка, женски род
инсект воопшто
Англиски: insect Албански: insekt
свилена буба
Англиски: silkworm Албански: krimb mëndafshi

бубамара повеќе

мн. бубамари
Вид збор: Именка, женски род
Инсект тврдокрилец со црвена или жолта боја и со црни дамки.
Латински: Coccinella septempunctata Англиски: ladybug

бубачка повеќе

мн. бубачки
Вид збор: Именка, женски род
бубалка, инсект
Англиски: bug

бубин повеќе

Види и: буба (ж.)
бубиниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што припаѓа на свилена буба.

був повеќе

мн. бувови
Вид збор: Именка, машки род
ноќна птица грабливка
Латински: Bubo bubo Англиски: owl

бувка повеќе

мн. бувки
Вид збор: Именка, женски род
Туфка, пувка од пердуви на главата на некои птици.
Англиски: pompon

бувче повеќе

Види и: був (м.)
мн. бувчиња
Вид збор: Именка, среден род
Мал був или пиленце на бувот.
Англиски: owl

бумбар повеќе

мн. бумбари
Вид збор: Именка, машки род
Инсект од видот на тврдокрилци, со топчесто, влакнесто тело што брмчи при летањето.
Англиски: beetle

буништар повеќе

Види и: буништарец (м.)
мн. буништари
Вид збор: Именка, машки род
буништарец
Англиски: dung beetle

буништарец повеќе

мн. буништарци
Вид збор: Именка, машки род
Вид инсект што живее на буниште.
Англиски: dung beetle

буревесник повеќе

мн. буревесници
Вид збор: Именка, машки род
Морска птица со темно перје што е постојано во лет и важи како симбол на несреќа.
Латински: Hydrobates pelagicus Англиски: Storm Petrel

буша повеќе

мн. буши
Вид збор: Именка, женски род
Раса домашно говедо.
Англиски: cattle
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш