Зоологија - категорија

јагленарка повеќе

Види и: јагленар (м.)
мн. јагленарки
Вид збор: Именка, женски род
Лисица со боја на јаглен.

јагне повеќе

мн. јагниња
Вид збор: Именка, среден род
младо од овца
Англиски: lamb Албански: qingj

јагуар повеќе

мн. јагуари
Вид збор: Именка, машки род
Вид див ѕвер од родот мачки, живее во прашумите во Јужна Америка.
Латински: Panthera onca Англиски: jaguar Албански: jaguar

јагула повеќе

мн. јагули
Вид збор: Именка, женски род
Вид риба што личи на змија.
Латински: Anguilla vulgaris Англиски: eel
Примери:
Охридска јагула.

јазовец повеќе

мн. јазовци
Вид збор: Именка, машки род
Диво животно, сештојад од фамилијата куни, слично на куче, со долги остри влакна, темни и бели по главата, што живее во подземни ходници и дупки.
Латински: Meles taxus Англиски: badger

јазовичар повеќе

мн. јазовичари
Вид збор: Именка, машки род
Вид куче со издолжено тело, куси нозе, со долги и опуштени уши, се користи за истерување на дивеч (лисици, јазовци) од нивните живеалишта.
Англиски: dachshund

јајце повеќе

мн. јајца
Вид збор: Именка, среден род
Расплодна клетка кај птиците, влекачите и водоземците, со големи димензии, со овална форма и цврста лушпа.
Англиски: egg Албански: vezë
Кај инсектите и рибите, полова клетка во вид на зрно со различни димензии.
Англиски: egg Албански: vezë

јак повеќе

мн. јакови
Вид збор: Именка, машки род
Крупно говедо, диво или питомо, со изразена грпка и долги влакна, кое живее на Тибет и Памир.
Латински: Bos grunniens Англиски: yak

јаре повеќе

мн. јариња
Вид збор: Именка, среден род
младо од коза
Англиски: goat

јаребица повеќе

Види и: еребица (ж.)
мн. јаребици
Вид збор: Именка, женски род
еребица

јарец повеќе

мн. јарци
Вид збор: Именка, машки род
мажјак на козата
Латински: Caprinae Англиски: he-goat Албански: cjap, kec

јари повеќе

(се) јарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Роди јаре.

јастог повеќе

мн. јастози
Вид збор: Именка, машки род
Голем морски рак со десет нозе и со крупни пипала, често приготвуван како скап специјалитет.
Латински: Homarus gammarus Англиски: lobster

јастреб повеќе

мн. јастреби
Вид збор: Именка, машки род
Граблива птица со кус, малку подвиткан клун и со долги остри нокти; се храни со птици и со ситни цицачи со големина на зајак;
Латински: Accipiter gentilis Англиски: Goshawk Албански: fajkua, gjeraqina

јастрепче повеќе

Види и: јастреб (м.)
мн. јастрепчиња
Вид збор: Именка, среден род
Младо од јастреб.
Албански: gjeraqina e vogël
јастреб
Англиски: hawk Албански: gjeraqina

југа повеќе

југаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За птица - испушта глас.
Албански: gugas

југавица повеќе

мн. југавици
Вид збор: Именка, женски род
Вид инсект што најавува топли ветрови.
Латински: Podura aquatica Англиски: water springtail Албански: lloj insekti, paraljamëron erë të nxehtë
Вид пеперутка што во зима може да се види во куќите кога дува југо.
Латински: Macroglossum stellatarum Англиски: Hummingmoth Албански: lloj fluture në dimër kur fryn jugu

југовица повеќе

мн. југовици
Вид збор: Именка, женски род
вид клукајдрвец
Латински: Picus viridis Англиски: green woodpecker

јунец повеќе

мн. јунци
Вид збор: Именка, машки род
Младо машко говедо, млад бик.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш