Зоологија - категорија

накоти повеќе

накотат
Вид збор: Глагол, свршен
Окоти повеќе малечки - за животно што се коти (зајак, мачка, лисица, глушец).
Англиски: multiply Албански: shumohet, shtohet

насад повеќе

мн. насади
Вид збор: Именка, машки род
Јајца што се оставаат да ги веде квачка (кокошка или друга домашна птица).
Албански: çel

невестулка повеќе

мн. невестулки
Вид збор: Именка, женски род
Мало грабливо диво животно со долгнавесто тело од родот на куните.
Латински: Mustela nivalis Англиски: weasel

несе повеќе

несат
Вид збор: Глагол, несвршен
За кокошка, за птица - дава јајца.
Англиски: lay eggs

нилски коњ повеќе

Види и: коњ (м.)
Вид збор: Сложенка
Тревопасен цицач во водите на тропска Африка.
Латински: Hippopotamus amphibius Англиски: hippopotamus

ножичар повеќе

мн. ножичари
Вид збор: Именка, машки род
Инсект што ја напаѓа виновата лоза.
Латински: Lathrus apterus Laxmi Англиски: Dung beetle

ној повеќе

мн. ноеви
Вид збор: Именка, машки род
Најголема птица од редот на тркачките (што не летаат) со долги, снажни нозе и со убави пердуви, живее во топлите краишта.
Латински: Struthio camelus Англиски: ostrich

нокт повеќе

мн. нокти
Вид збор: Именка, машки род
Остар рожен израсток на нозете на животните.
Англиски: claw

нор повеќе

мн. норови
Вид збор: Именка, машки род
Водна, езерска птица, корморан.
Латински: Phalacrocorax graculus Англиски: cormorant

норка повеќе

мн. норки
Вид збор: Именка, женски род
Водна птица, штипче.
Латински: Podiceps ruficollis Англиски: Little Grebe

носорог повеќе

мн. носорози
Вид збор: Именка, машки род
Голем тревопасен цицач со еден или два рога на предниот дел од главата.
Латински: Rhinoceros Англиски: rhinoceros

нурец повеќе

мн. нурци
Вид збор: Именка, машки род
Водна птица од родот на гуските.
Латински: Mergus merganser Англиски: Goosander

нутрија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Речен стаорец со скапоцено крзно.
Латински: Myocastor coypus Англиски: nutria
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш