Зоологија - категорија

вардарка повеќе

мн. вардарки
Вид збор: Именка, женски род
Вид риба што живее во реката Вардар.
Латински: Alburnoides bipunctatus Англиски: spirlin Албански: lloj peshku

веверица повеќе

Види и: верверица (ж.)
мн. веверици
Вид збор: Именка, женски род
верверица
Англиски: squirrel Српски: веверица

вепар повеќе

мн. вепри
Вид збор: Именка, машки род
машка дива свиња
Англиски: wild boar

верверица повеќе

мн. верверици
Вид збор: Именка, женски род
Мало шумско животно со долга опашка, цицач, живее на дрво и се храни со неговите плодови.
Латински: Sciurus vulgaris Англиски: squirrel Српски: веверица

верверичин повеќе

верверичиниот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на верверица, што е од верверица.

ветрушка повеќе

мн. ветрушки
Вид збор: Именка, женски род
Вид мал сокол кој умее да лебди во воздухот.
Латински: Falco tinnunculus Англиски: common kestrel Албански: flutrushkë

видра повеќе

мн. видри
Вид збор: Именка, женски род
Животно со издолжено тело приспособено за живот во и покрај вода, многу подвижно и брзо.
Латински: Lutra lutra Англиски: otter

вижди повеќе

виждат
Вид збор: Глагол, несвршен
вишти, виска
Англиски: neigh

визон повеќе

мн. визони
Вид збор: Именка, машки род
Вид животно кое се лови заради крзното.
Латински: Mustela lutreola Англиски: mink

вилино коњче повеќе

Види и: вилин (прид.)
мн. вилини
Вид збор: Сложенка
Инсект што живее покрај вода.
Латински: Anax imperator Англиски: dragonfly

виме повеќе

мн. вимиња
Вид збор: Именка, среден род
Млечен жлездест орган кај некои домашни животни (крава, овца, коза).
Англиски: udder

виска повеќе

вискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издава висок и остар глас, обично за коњ.
Англиски: neigh

вишти повеќе

Види и: виска (несв.)
виштат
Вид збор: Глагол, несвршен
виска
Англиски: neigh

вкожурен повеќе

вкожурениот
Вид збор: Придавка
Што е во кожурец, што добил кожурец.
Англиски: pupated

влекач повеќе

мн. влекачи
Вид збор: Именка, машки род
Животни што се влечат при движењето.
Англиски: reptile Албански: zvarranik

влечуга повеќе

мн. влечуги
Вид збор: Именка, женски род
Животно што се влече при движењето.
Англиски: reptile

вовче повеќе

мн. вовчиња
Вид збор: Именка, среден род
вошка
Англиски: bug Албански: morr

водоземец повеќе

мн. водоземци
Вид збор: Именка, машки род
Вид животни, 'рбетници, што можат да живеат и во вода и на копно.
Латински: Amphibia Англиски: amphibian

водомар повеќе

мн. водомари
Вид збор: Именка, машки род
Шарена мала птица што живее во близина на вода и лови риби.
Латински: Alcedo atthis Англиски: common kingfisher

вол повеќе

мн. волови
Вид збор: Именка, машки род
Вид домашно животно, машко говедо, скопено и возрасно, што служи за впрегнување.
Латински: Bos taurus Англиски: ox Албански: ka, mëzat, dem

волк повеќе

мн. волци
Вид збор: Именка, машки род
Диво крволочно животно од фамилијата на кучињата, со сивкаво крзно, кое во текот на зимата лови во глутница.
Латински: Саnis Iupus Англиски: wolf Албански: ujk

волчи повеќе

(се) волчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Раѓа волчиња.

волчјак повеќе

мн. волчјаци
Вид збор: Именка, машки род
Вид германско овчарско куче што личи на волк.
Англиски: German shepherd

вошка повеќе

мн. вошки
Вид збор: Именка, женски род
Вид мал бескрилен инсект што живее паразитски кај човекот.
Латински: Pediculus Англиски: louse, bug Српски: ваш Албански: thëri Бугарски: въшка

врабец повеќе

мн. врапци
Вид збор: Именка, машки род
Малечка сива птица што живее во населени места.
Латински: Passer domesticus Англиски: sparrow

вранец повеќе

мн. вранци
Вид збор: Именка, машки род
вран, црн коњ
Англиски: black stallion Албански: hamshor i zi

вранин повеќе

враниниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што ѝ припаѓа на врана.

врапче повеќе

Види и: врабец (м.)
мн. врапчиња
Вид збор: Именка, среден род
врабец
Англиски: sparrow

врека повеќе

врекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За животно - испрекинато пушта глас, се огласува.
Англиски: shriek Албански: bërtas, piskas

вресне повеќе

вреснат
Вид збор: Глагол, свршен
За животно (коза) - испрекинато испушти глас, се огласи.
Англиски: bleat Албански: blegërij

вретенарка повеќе

мн. вретенарки
Вид збор: Именка, женски род
Слатководна речна риба со издолжено и вретенесто тело;
Латински: Aspro asper Англиски: perch Албански: lloj peshku në formë boshti
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш