Зоологија - категорија

дабар повеќе

мн. дабри
Вид збор: Именка, машки род
Вид глодар со скапоцено крзно кој живее покрај вода.
Латински: Castor fiber Англиски: beaver

далматинец повеќе

мн. далматинци
Вид збор: Именка, машки род
Вид куче со црно-бела дамкава кожа.
Англиски: dalmatian

данак повеќе

мн. данаци
Вид збор: Именка, машки род
Машко теле одбиено од цицање.
Англиски: calf Турски: dana

двокрилец повеќе

мн. двокрилци
Вид збор: Именка, машки род
(само мн.) Инсекти со две крила.

двоножец повеќе

мн. двоношци
Вид збор: Именка, машки род
Животно со две нозе.
Англиски: bipedal

дебелокожец повеќе

мн. дебелокошци
Вид збор: Именка, машки род
Вид животни со дебела кожа.
Англиски: pachyderm Албански: lëkurëtrashë

делфин повеќе

мн. делфини
Вид збор: Именка, машки род
Морско животно од фамилијата китови.
Латински: Delphinus delphi Англиски: dolphin Албански: delfin

дерач повеќе

мн. дерачи
Вид збор: Именка, машки род
Катник кај животните што служи за раскинување на пленот.
Англиски: fang Албански: dhëmballë

детел повеќе

мн. детли
Вид збор: Именка, машки род
клукајдрвец
Латински: Pucus varius

дивојарец повеќе

мн. дивојарци
Вид збор: Именка, машки род
јарец
Англиски: he-goat

дивокоза повеќе

мн. дивокози
Вид збор: Именка, женски род
коза
Англиски: goat

динго повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Австралиско диво куче.
Латински: Canis lupus familiaris dingo Англиски: dingo

диносаурус повеќе

мн. диносауруси
Вид збор: Именка, машки род
Изумрен огромен влекач од времето на мезозоикот.
Англиски: dinosaur

дога повеќе

мн. доги
Вид збор: Именка, женски род
Вид пес.
Англиски: mastiff

дождалец повеќе

Види и: дождарец (м.)
дождалци
Вид збор: Именка, машки род
Водоземно животно, слична на гуштер, со црна боја и со жолти дамки по телото, коешто живее во влажни предели.
Латински: Salamandra maculosa Англиски: newt Албански: agrozë, cikalore
Род на опашести водоземци со црна боја, кои се одликуваат со тоа што се размножуваат со испуштање на ларви во вода, живеат во планински места.
Латински: Salamandra atra Албански: zhapin i Alpeve

дождарец повеќе

Види и: дождалец (м.)
мн. дождарци
Вид збор: Именка, машки род
дождалец
Англиски: newt

дојница повеќе

мн. дојници
Вид збор: Именка, женски род
Женка кај животните што го дои своето младенче, што се молзе.
Албански: gjitore

домашен повеќе

домашни
Вид збор: Придавка
Што живее со човекот, што е питом, што се одгледува.
Англиски: domestic Албански: shtëpiak

дрвенарица повеќе

мн. дрвенарици
Вид збор: Именка, женски род
Вид штетен инсект што ги напаѓа овошните дрвја.
Латински: Zeuzera руrinа

дрвеница повеќе

мн. дрвеници
Вид збор: Именка, женски род
Вид мал инсект, паразит што живее во дрвени предмети и се храни смукајќи крв од човекот и од некои животни.
Латински: Cimex lectularius Англиски: bedbug Албански: lloj insekti, tartabiq shtrati

дрвојад повеќе

мн. дрвојади
Вид збор: Именка, машки род
Вид црв, штетник што ги напаѓа дрвјата.
Латински: Cossus cossus Англиски: european goat moth

дроздалец повеќе

Види и: дрозд (м.)
мн. дроздалци
Вид збор: Именка, машки род
дрозд
Англиски: thrush

дропла повеќе

мн. дропли
Вид збор: Именка, женски род
Вид голема копнена птица со долг врат и силни нозе.
Латински: Otis tarda Англиски: Great Bustard

дувло повеќе

мн. дувла
Вид збор: Именка, среден род
Живеалиште за поголеми диви животни во земјата или на засолнато место.
Англиски: den Албански: çerdhe, fole
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш