Зоологија - категорија

шаин повеќе

мн. шаини
Вид збор: Именка, машки род
Сокол, особено дресиран за лов на други птици.
Англиски: falcon Турски: şahin

шакал повеќе

мн. шакали
Вид збор: Именка, машки род
Обичен шакал е познат и како азијатски или златен шакал.
Латински: Canis aureus Англиски: jackal Турски: çakal

шарец повеќе

мн. шарци
Вид збор: Именка, машки род
За шарен коњ.
Англиски: pinto

шарка повеќе

мн. шарки
Вид збор: Именка, женски род
вид отровна змија
Латински: Vipera berus Англиски: viper, adder Албански: gjarpër

шарпланинец повеќе

мн. шарпланинци
Вид збор: Именка, машки род
Овчарска раса на кучe што потекнува од Шар Планина.
Српски: шарпланинац Албански: Qen i Sharrit, Qeni Ilir

шатка повеќе

мн. шатки
Вид збор: Именка, женски род
домашна птица
Латински: Anas domestica Англиски: duck Албански: rosë
дива птица
Латински: Anas boschas Англиски: duck Албански: rosë

шаткин повеќе

Вид збор: Придавка
Што е од шатка.
Примери:
Шаткино јајце.

шатор повеќе

мн. шатори
Вид збор: Именка, машки род
машко од шатка
Англиски: drake Албански: rosak

шебек повеќе

мн. шебеци
Вид збор: Именка, машки род
мајмун со црвена задница
Англиски: monkey Турски: şebek

шепа повеќе

мн. шепи
Вид збор: Именка, женски род
Долен дел од екстремитетите на некои цицачи.
Англиски: paw Српски: шапа Бугарски: шепа

шимпанзо повеќе

мн. шимпанза
Вид збор: Именка, среден род
Вид африкански човеколик мајмун.
Латински: Pan troglodytes Англиски: chimpanzee

школка повеќе

мн. школки
Вид збор: Именка, женски род
Вид водно животно со тврд варовнички оклоп околу телото.
Латински: Bivalvia Англиски: mussel Албански: guaskë, guacë

шкрапја повеќе

Вид збор: Именка, женски род
чкрапја

шкрги повеќе

Вид збор: Именка, множина
Орган за дишење кај рибите.
Англиски: gills Српски: шкрга

штиглец повеќе

Вид збор: Именка, машки род
шарена појна птичка
Латински: Carduelis elegans Англиски: finch

штипка повеќе

мн. штипки
Вид збор: Именка, женски род
Член кај некои животинки со кој тие штипат.
Англиски: claw Албански: pickues

штирка повеќе

мн. штирки
Вид збор: Именка, женски род
јалово животно
Албански: kafshë shterpe

штитоносен повеќе

штитоносна
Вид збор: Придавка
Што носи штит, или нешто слично на штит.
Примери:
(зоол.) Штитоносна вошка - Coccus.

штрк повеќе

мн. штркови
Вид збор: Именка, машки род
Птица со долги црвени нозе.
Латински: Ciconia alba Англиски: stork Албански: lejlek

штркал повеќе

Вид збор: Именка, машки род
штркел

штркел повеќе

мн. штркли
Вид збор: Именка, машки род
Вид мува што напаѓа по говедата.
Латински: Hypoderma bovis Англиски: gad fly

штркол повеќе

Види и: штркел (м.)
мн. штркли
Вид збор: Именка, машки род
штркел

штука повеќе

мн. штуки
Вид збор: Именка, женски род
Вид слатководна риба грабливка.
Латински: Esox lucius Англиски: pike

штурец повеќе

мн. штурци
Вид збор: Именка, машки род
скакулец, полски штурец
Латински: Gryllus campestris Англиски: cricket

штурче повеќе

мн. штурчиња
Вид збор: Именка, среден род
штурец
Англиски: cricket

шумадинка повеќе

мн. шумадинки
Вид збор: Именка, женски род
Вид домашна свиња што се одгледува во Србија.

шутко повеќе

Види и: шутрак (м.)
мн. шутковци
Вид збор: Именка, машки род
шутрак

шутрак повеќе

мн. шутраци
Вид збор: Именка, машки род
шут вол
Албански: dem pa brina

шутрачка повеќе

Види и: шутрак (м.)
мн. шутрачки
Вид збор: Именка, женски род
За женско рогато животно.
Албански: lopë pa brina
Примери:
Чекај да те наденам јас тебе, шутрачка!
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш