Зоологија - категорија

абраш повеќе

мн. абраши
Вид збор: Именка, машки род
Коњ со бело под опашката или на муцката.

ајкула повеќе

мн. ајкули
Вид збор: Именка, женски род
Голема граблива опасна риба со издолжено вретенесто тело и полукружна голема уста на долниот дел од главата; морски пес, морско куче.
Латински: Carcharias glaucus Англиски: shark

акреп повеќе

мн. акрепи
Вид збор: Именка, машки род
скорпија
Латински: Euscorpius carpathicus Англиски: scorpion Турски: akrep Албански: akrep

аксолотл повеќе

мн. аксолотли
Вид збор: Именка, машки род
Вид саламандер што живее во Мексико.
Латински: Ambystoma mexicanum Англиски: axolotl

албатрос повеќе

мн. албатроси
Вид збор: Именка, машки род
Морска птица што лета на многу големи растојанија над површината на морето.
Латински: Diomedea exulaus Англиски: albatross

алигатор повеќе

мн. алигатори
Вид збор: Именка, машки род
Вид крокодил што живее во некои реки во Америка и Азија.
Латински: Aligator missipiensis Англиски: alligator

алфа-мажјак повеќе

мн. алфа-мажјаци
Вид збор: Именка, машки род
Мажјак што го води стадото, што има највисок ранг во групата.
Англиски: alpha animal

амеба повеќе

мн. амеби
Вид збор: Именка, женски род
Најпрост едноклеточен жив организам.
Латински: Amoeba Англиски: amoeba

амфибија повеќе

мн. амфибии
Вид збор: Именка, женски род
Водоземец, животно кое живее и на копно и во вода.
Латински: amphíbios Англиски: amphibian Албански: amfibi

анаконда повеќе

мн. анаконди
Вид збор: Именка, женски род
голема, неотровна змија
Латински: Eunectes Англиски: anaconda

ангора повеќе

мн. ангори
Вид збор: Именка, женски род
Вид мачка, коза или зајак со долго свилесто влакно.
Англиски: angora Албански: angorë

ангорка повеќе

Види и: ангора (ж.)
мн. ангорки
Вид збор: Именка, женски род
Вид мачка со долги свилести влакна.
Англиски: angora cat Албански: mace angora

анемона повеќе

мн. анемони
Вид збор: Именка, женски род
Морски цветни животни од типот на корални полипи, прикрепени за тлото.
Англиски: sea anemone Албански: anemonë deti

антилопа повеќе

мн. антилопи
Вид збор: Именка, женски род
Вид тропско животно слично на срна што живее во Африка.
Латински: Antilope сеrvicarpa Англиски: antelope

Арап повеќе

мн. Арапи
Вид збор: Именка, машки род
За арапски коњ.
Англиски: Arab Албански: arab

аспида повеќе

мн. аспиди
Вид збор: Именка, женски род
Вид отровна змија.
Латински: Vipera aspis Англиски: aspic viper
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш