Технологија - категорија

багер повеќе

мн. багери
Вид збор: Именка, машки род
Машина за копање земја, за префлување земја, песок, чакал.
Англиски: excavator Германски: Bagger Албански: bager, ekskavator

бандера повеќе

мн. бандери
Вид збор: Именка, женски род
Столб за електрична, телеграфска и друга инсталација.
Англиски: pole

барабан повеќе

мн. барабани
Вид збор: Именка, машки род
Дел од машина, апарат во вид на цилиндер.
Англиски: drum Албански: daulle, çikrik

батерија повеќе

мн. батерии
Вид збор: Именка, женски род
Спој на неколку галвански елементи или на акумулатори заради добивање на поголема електромоторна сила или на поголема јачина на струјата.
Англиски: battery Албански: bateri

безжичен повеќе

безжични
Вид збор: Придавка
Што е без жици, што функционира без жици, без спроводници.
Англиски: wireless

беспилотен повеќе

беспилотни
Вид збор: Придавка
Што е без пилот.
Англиски: pilotless

бесшевен повеќе

бесшевни
Вид збор: Придавка
Што е без шев.
Англиски: seamless

блок повеќе

мн. блокови
Вид збор: Именка, машки род
Централен дел од мотор со внатрешно согорување.
Англиски: engine Албански: bllok

бојлер повеќе

мн. бојлери
Вид збор: Именка, машки род
Затворен, метален казан за греење вода.
Англиски: boiler

болцна повеќе

мн. болцни
Вид збор: Именка, женски род
Дебел метален или дрвен клин за поврзување делови.
Англиски: bolt Германски: Bolzen

бомбина повеќе

мн. бомбини
Вид збор: Именка, женски род
Соленоид што произведува напон за свеќицата на автомобилскиот мотор.
Англиски: ignition coil

бормашина повеќе

мн. бормашини
Вид збор: Именка, женски род
електрична или рачна дупчалка
Англиски: drill Германски: Bohrmaschine

браник повеќе

мн. браници
Вид збор: Именка, машки род
Предмет или дел од предмет што е во функција да брани, да штити.
Англиски: bumper Албански: parakolp

брзиномер повеќе

мн. брзиномери
Вид збор: Именка, машки род
Направа за мерење брзина.
Англиски: speedometer

бришач повеќе

мн. бришачи
Вид збор: Именка, машки род
Механизам за бришење на прозорците на автомобилот.
Англиски: wiper

броило повеќе

мн. броила
Вид збор: Именка, среден род
Апарат, направа за мерење на потрошена енергија.
Англиски: meter

бројач повеќе

мн. бројачи
Вид збор: Именка, машки род
Направа за броење, за мерење, инструмент.
Англиски: counter Албански: njehsorë

брусилка повеќе

мн. брусилки
Вид збор: Именка, женски род
Машина, алатка за брусење.
Англиски: grinding machine

брут повеќе

мн. брутови
Вид збор: Именка, машки род
Долгнавест метален шилест предмет со главче на другиот крај што може да се закове, да спои, да зацврсти нешто.
Англиски: nail

бурма повеќе

мн. бурми
Вид збор: Именка, женски род
завртка
Англиски: nut Албански: vidhë
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш