Технологија - категорија

гасеница повеќе

мн. гасеници
Вид збор: Именка, женски род
Метална лента составена од плочки поврзани во вид на синџир која ги поврзува тркалата на тенк, трактор и сл.
Англиски: armor chain Албански: sinxhirë i mjeteve të blinduara

гасеничар повеќе

мн. гасеничари
Вид збор: Именка, машки род
Трактор или машина што се движи на гасеници.
Англиски: tracked vehicle

гасификација повеќе

(едн.) гасификацијата
Вид збор: Именка, женски род
Изградба на инфраструктура за снабдување на индустријата и домаќинствата со гас.
Англиски: natural gas supply

гасифицира повеќе

гасифицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Гради инфраструктура за снабдување на индустријата и домаќинствата со гас.

гасовод повеќе

мн. гасоводи
Вид збор: Именка, машки род
Направа за спроведување гас.
Англиски: pipeline

гасометар повеќе

мн. гасометри
Вид збор: Именка, машки род
Направа за мерење и чување гас.
Англиски: gasometer

гатер повеќе

мн. гатери
Вид збор: Именка, машки род
Машина за сечење, бичење дрва; машинска пила со повеќе сечила.
Англиски: cutter

гатерист повеќе

мн. гатеристи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што работи на гатер.

гвинт повеќе

мн. гвинтови
Вид збор: Именка, машки род
завртка, шраф
Англиски: thread Германски: Gewinde

генератор повеќе

мн. генератори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат, машина што ја претвора механичката во електрична енергија.
Англиски: generator Албански: gjenerator

гепек повеќе

гепекот
Вид збор: Именка, машки род
Оддел за багаж на автомобил.
Англиски: trunk Германски: Gepäck

главина повеќе

мн. главини
Вид збор: Именка, женски род
Средишен дел на тркало.
Англиски: hub

глодалка повеќе

мн. глодалки
Вид збор: Именка, женски род
Машина за глодање.
Англиски: milling machine

глушец повеќе

мн. глувци
Вид збор: Именка, машки род
Додаток поврзан со компјутер што служи како помагало во работата.
Англиски: mouse Албански: maus

грамофон повеќе

мн. грамофони
Вид збор: Именка, машки род
Апарат што произведува звук со помош на специјални плочи и звучници.
Англиски: gramophone

громобран повеќе

мн. громобрани
Вид збор: Именка, машки род
Уред што е поставен на зградите, ја одведува електричната струја на громовите во земја.
Англиски: lightning conductor

гусен повеќе

гусени
Вид збор: Придавка
Што е од лиено железо.
Англиски: cast-iron Германски: gußeisern
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш