Технологија - категорија

шалтер повеќе

мн. шалтери
Вид збор: Именка, машки род
Прекинувач на електрична струја, исклучник.
Англиски: switch Германски: Schalter Албански: shalter, shkrehës, çelës drite

шалтува повеќе

Види и: шалтер (м.)
шалтуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Вклучува или исклучува; префрла од една состојба или положба во друга.
Англиски: shift, switch Германски: schalten

шамот повеќе

(едн.) шамотот
Вид збор: Именка, машки род
Глина што може да издржи високи температури.
Англиски: chamotte Германски: Schamotte

шамотен повеќе

шамотни
Вид збор: Придавка
Што е од шамот.

шарка повеќе

мн. шарки
Вид збор: Именка, женски род
Желевце што ја држи вратата за касата и сл.
Англиски: hinge Албански: çivi

шасија повеќе

мн. шасии
Вид збор: Именка, женски род
Рамка на која се држи целиот автомобил.
Англиски: chassis

шатл повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Вселенско летало за превоз на луѓе и товар.
Англиски: shuttle

швајсапарат повеќе

мн. швајсапарати
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за заварување.
Англиски: welding machine Германски: Schweißapparat

швајсер повеќе

мн. швајсери
Вид збор: Именка, машки род
заварувач
Англиски: welder Германски: Schweißer

швајсмашина повеќе

мн. швајсмашини
Вид збор: Именка, женски род
швајсапарат
Англиски: welding machine

швајсува повеќе

швајсуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
заварува
Англиски: weld Германски: schweißen

швајсување повеќе

Види и: швајсува (несв.)
швајсувањето
Вид збор: Именка, среден род
заварување
Англиски: welding Германски: Schweißen

шев повеќе

мн. шевови
Вид збор: Именка, машки род
Спојна линија на два дела од метал, со свивање на краиштата.
Англиски: joint Албански: bashkoj

шибер повеќе

мн. шибери
Вид збор: Именка, машки род
Механизам со лизгачки делови - во некои машини, на прозорци, врати и сл.
Англиски: bar Германски: Schieber Албански: shiber derë

шина повеќе

мн. шини
Вид збор: Именка, женски род
Дебело долго право мазно парче метал, како подебела лента
Англиски: rail Германски: Schiene Албански: binarë
Примери:
Железничка и трамвајска шина.
Обрач во кој се стега колцето на превозно средство.
Германски: Schiene Албански: qark

шлајфува повеќе

шлајфуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Остри, обработува со триење површина на метал, дрво, стакло за да ја направи глатка.
Англиски: smoothen, grind Германски: schleifen Албански: zdrugoj

шнур повеќе

мн. шнурови
Вид збор: Именка, машки род
Вид проводник на електрична струја.
Англиски: cord Германски: Schnur Албански: përçues

шофершајбна повеќе

мн. шофершајбни
Вид збор: Именка, женски род
автомобилско предно стакло
Англиски: windshield

шраф повеќе

мн. шрафови
Вид збор: Именка, машки род
Спирално нажлебен клинец.
Англиски: screw Германски: Schraube

шрафцигер повеќе

мн. шрафцигери
Вид збор: Именка, машки род
Клуч за зашрафување или отшрафување на шрафови, завртки.
Англиски: screwdriver Германски: Schraubenzieher

шрафче повеќе

мн. шрафчиња
Вид збор: Именка, среден род
шраф
Англиски: screw

штангла повеќе

мн. штангли
Вид збор: Именка, женски род
Парче во форма на четвртеста прачка.
Англиски: bar Германски: Stange Албански: shufër hekuri

штанцува повеќе

штанцуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Втиснува под притисок.
Англиски: punch Албански: shtyp
Сече машински, отсекува.
Албански: pres

штекер повеќе

мн. штекери
Вид збор: Именка, машки род
„Машки“ конектор за електрична енергија.
Англиски: plug, jack Германски: Stecker Албански: prizë

штелува повеќе

штелуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Доведува машина или технички агрегат во оптимална состојба на функционирање.
Англиски: adjust Германски: einstellen

штифна повеќе

мн. штифни
Вид збор: Именка, женски род
Краток, дебел, метален дел во вид на игла; метален клин.
Англиски: pin Германски: Stift

шублер повеќе

мн. шублери
Вид збор: Именка, машки род
Челичен алат за прецизно мерење мали димензии, дупки и валчести предмети.
Англиски: calliper Германски: Schiebelehre
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш