Технологија - категорија

хангар повеќе

мн. хангари
Вид збор: Именка, машки род
Постројка за сместување авиони и други апарати за летање.
Англиски: hangar Турски: hangar

хауба повеќе

мн. хауби
Вид збор: Именка, женски род
Капак над мотор од моторно возило.
Англиски: hood Германски: Haube Албански: kapuç, kofano

хелиограф повеќе

мн. хелиографи
Вид збор: Именка, машки род
Уред за светлосни сигнали.
Англиски: heliograph Албански: heliograf

хемизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Искористување на резултатите од хемијата а во индустријата и земјоделството.
Примери:
Хемизација на технолошкиот процес, на земјоделството.

ХЕЦ повеќе

Вид збор: Скратеница
Хидроелектрична централа.
Англиски: hydroelectric power plant

хигроскоп повеќе

мн. хигроскопи
Вид збор: Именка, машки род
Инструмент што покажува присуство на влажност во воздухот.
Англиски: hygroscope

хидрауличен повеќе

хидраулични
Вид збор: Придавка
Кој дејствува под притисок или движење на течност.
Англиски: hydraulic Албански: hidraulik
Примери:
Хидраулична преса.

хидроавион повеќе

мн. хидроавиони
Вид збор: Именка, машки род
Авион што може да слетува и полетува на вода.
Англиски: seaplane

хидроелектрана повеќе

мн. хидроелектрани
Вид збор: Именка, женски род
Постројка за производство на електрична енергија со користење на водната енергија.
Англиски: hydroelectric power plant

хидроелектричен повеќе

хидроелектрични
Вид збор: Придавка
Што произведува електрицитет со помош на водена енергија.
Англиски: hydroelectric
Примери:
хидроелектрична централа

хидроенергетика повеќе

Види и: хидроенергија (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Користење на водената енергија.

хидроинженер повеќе

мн. хидроинженери
Вид збор: Именка, машки род
Инженер за водни објекти или за контролирање на водните текови.
Англиски: hydro engineering

хидротехника повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Техника на објекти на вода.
Англиски: hydrotechnical engineering

хидрофор повеќе

мн. хидрофори
Вид збор: Именка, машки род
Пумпа за извлекување, исцрпување на вода од длабочина.
Англиски: hydrophore

хидроцентрала повеќе

мн. хидроцентрали
Вид збор: Именка, женски род
Електрична централа на воден погон.
Англиски: hydroelectric power plant

хромира повеќе

хромираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Превлече, превлекува, покрие, покрива со хром.
Англиски: chromium-plate

хромиран повеќе

хронирани
Вид збор: Придавка
Покриен, превлечен со слој од хром.
Англиски: chromium-plated
Примери:
Хромиран сад.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш