а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

батерија

мн. батерии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6614
1. Спој на неколку галвански елементи или на акумулатори заради добивање на поголема електромоторна сила или на поголема јачина на струјата.
Англиски: battery Албански: bateri
Употреба: Технологија
2. Џебна електрична светилка.
Англиски: lamp Албански: llambë
Примери:
Снопот светлосни зраци од батеријата му го осветли вжареното лице.
3. Борбена и тактичка единица во артилеријата (обично од 3 до 6 топа).
Англиски: battery unit Албански: njësija e baterisë
Употреба: Воен термин
Примери:
Во текот на ноќта педесет наши момчиња ги нападнале италијанските батерии.
Изведенки
батериски прид.
батерискиот