Образование - категорија

даскал повеќе

мн. даскали
Вид збор: Именка, машки род
учител
Англиски: teacher

даскалак повеќе

Види и: даскал (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
учителство, учителствување
Англиски: teaching

даскалува повеќе

Види и: даскал (м.)
даскалуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи како даскал, учителствува.
Англиски: teach

деветолетка повеќе

мн. деветолетки
Вид збор: Именка, женски род
Основно, деветгодишно училиште.

декан повеќе

мн. декани
Вид збор: Именка, машки род
Управник на факултет што се избира од редот на професорите и има мандат на определено време.
Англиски: dean

деканат повеќе

мн. деканати
Вид збор: Именка, машки род
Раководна управа и администрација на факултет.
Англиски: dean Албански: dekanat

демонстратор повеќе

мн. демонстратори
Вид збор: Именка, машки род
Тој што за време на предавања (обично во високото образование) покажува примери, илустрации (фотографии, карти, материјали).
Англиски: demonstrator Албански: demonstrues

дефектологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од науката што се занимава со принципите и особеностите на развојот на децата со физички и ментални дефекти.
Англиски: defectology

дидактика повеќе

(едн.) дидактиката
Вид збор: Именка, женски род
Дел од педагогијата што се занимава со општите методи и форми на наставата.
Англиски: didactics

дидактичар повеќе

мн. дидактичари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со дидактика; добар, успешен во наставата.

дидактичен повеќе

дидактичниот
Вид збор: Придавка
Што е поучен, што поучува.
Англиски: didactical

дидактички повеќе

Види и: дидактика (ж.)
дидактичкиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со дидактиката.
Англиски: didactic

диктат повеќе

мн. диктати
Вид збор: Именка, машки род
Текст што му се кажува некому за да го запише.
Англиски: dictation Албански: diktim

дипл. повеќе

Вид збор: Скратеница
дипломиран
Англиски: grad.

диплома повеќе

мн. дипломи
Вид збор: Именка, женски род
Свидетелство за завршен степен на образование (обично средно или високо).
Англиски: diploma Албански: diplomë
Документ за добиено научно или специјалистичко звање.
Англиски: diploma Албански: diplomë

дипломец повеќе

мн. дипломци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е пред дипломски испит или го положил во скоро време.
Англиски: graduate

дипломира повеќе

дипломираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Положи, полага завршен испит на факултет, висока школа по кој се добива диплома.
Англиски: graduate

дипломиран повеќе

Види и: дипломира (св. и несв.)
дипломирани
Вид збор: Придавка
Што поседува диплома; што добил диплома.
Англиски: graduated

дисертација повеќе

мн. дисертации
Вид збор: Именка, женски род
Научен труд што се брани јавно пред комисија на висока наставнонаучна установа за добивање научен степен.
Англиски: dissertation

добар повеќе

добри
Вид збор: Придавка
Средна оценка во училиште.
Англиски: good Албански: mirë

доволен повеќе

доволни
Вид збор: Придавка
Најниска, преодна оценка во основното и средното образование.
Англиски: satisfactory

додипломски повеќе

додипломскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со етапа од образовниот академски процес.

доизучи повеќе

Види и: изучи (св.)
доизучат
Вид збор: Глагол, свршен
Изучи до крај некоја дејност, училиште, степен на образование.
Англиски: learn

докимологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Научна дисциплина што го проучува начинот на испитување и праведно оценување во училиштата.

доктор повеќе

мн. доктори
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) Највисок академски степен што се добива со изработка и одбрана на значаен научен труд во определена област на науката.
Англиски: doctor Албански: doktor
Лице што се здобило со таков научен степен.
Англиски: doctor Албански: doktor

докторанд повеќе

мн. докторанди
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се подготвува за одбрана на докторска дисертација.
Англиски: doctoral candidate

докторат повеќе

мн. докторати
Вид збор: Именка, машки род
Академски степен - доктор на науки.
Англиски: doctorate Албански: doktorat
Дисертација за добивање научен степен - доктор на науки.
Англиски: doctorate Албански: doktorat

докторира повеќе

докторираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Стане доктор на науки, положи докторски испит.
Англиски: to do a doctorate

докторски повеќе

Види и: доктор (м.)
докторска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на доктор и на докторат.
Англиски: doctoral

дообразува повеќе

Види и: образува (св. и несв.)
дообразуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Дополнително образува.
Англиски: educate
(се дообразува) Добие дополнително образование.
Англиски: educate

доцент повеќе

мн. доценти
Вид збор: Именка, машки род
Почетно звање на наставник на универзитет или на друга висока школа.
Англиски: lecturer

доцентура повеќе

мн. доцентури
Вид збор: Именка, женски род
доцентско звање

дошколува повеќе

дошколуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Школува до крај или дополнително школува.
Англиски: educate
(се дошколува) Заврши школување или дополнително се школува.
Англиски: educate

д-р повеќе

Вид збор: Скратеница
доктор
Англиски: Dr.
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш