Образование - категорија

образован повеќе

Види и: образова (св. и несв.)
образовани
Вид збор: Придавка
Што има образование.
Англиски: educated

образование повеќе

(едн.) образованието
Вид збор: Именка, среден род
Збир од знаења стекнати со учење, со школување; општо знаење.
Англиски: education Албански: arsim

образовен повеќе

образовни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на образование.
Англиски: educational

образува повеќе

образуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
образова
Англиски: educate Албански: edukoj, mësoj

одбрана повеќе

(едн.) одбраната
Вид збор: Именка, женски род
Докажување оправданост, бранење определени поставки во претходно изработен, напишан труд пред испитна комисија.
Албански: vërtetim

одбрани повеќе

одбранат
Вид збор: Глагол, свршен
За магистерски, докторски труд - докаже оправданост, образложи определени поставки, принципи.
Англиски: defend Албански: mbroj

одделение повеќе

мн. одделенија
Вид збор: Именка, среден род
Клас во основно училиште.
Англиски: class Албански: klasë

одличник повеќе

мн. одличници
Вид збор: Именка, машки род
Ученик со највисок успех.
Албански: i shkëlqyeshëm

осмокласник повеќе

мн. осмокласници
Вид збор: Именка, машки род
Ученик во осми клас.
Албански: nxënës i klasës së tetë
Ученик во гимназија, средна школа.
Албански: mxënës gjimnazi, i shkollës së mesme

осмолетка повеќе

мн. осмолетки
Вид збор: Именка, женски род
Основно, осумгодишно училиште.
Англиски: elementary school

осмоодделенец повеќе

мн. осмоодделенци
Вид збор: Именка, машки род
Ученик во осмо одделение во осмолетка.

остручи повеќе

Види и: струка (ж.)
остручат
Вид збор: Глагол, свршен
Стручно образува.
Англиски: qualify
(се остручи) Стручно се образува.
Англиски: qualify

оцена повеќе

мн. оцени
Вид збор: Именка, женски род
оценка
Англиски: grade Албански: notë

оцени повеќе

оценат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде белешка за знаењето, за успехот на некого (ученик, студент, натпреварувач).
Англиски: grade Албански: dha shënim

оценка повеќе

мн. оценки
Вид збор: Именка, женски род
Белешка за успехот на ученик или студент.
Англиски: grade Албански: notë
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш