Образование - категорија

лектор повеќе

мн. лектори
Вид збор: Именка, машки род
Наставник по практично учење јазик, обично странски, во високообразовна школа.
Англиски: lecturer Албански: lektor

лекторат повеќе

мн. лекторати
Вид збор: Именка, машки род
Наставна дејност во практичното учење на некој јазик како странски во рамките на наставата на универзитет, висока школа.
Англиски: lectorate

лекција повеќе

мн. лекции
Вид збор: Именка, женски род
Усно излагање на наставник.
Англиски: lesson Албански: mësim, ligjeratë
Целина од материјалот што се предава на еден училиштен час; наставна единица.
Англиски: lesson Албански: njësi mësimore

ликовно повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Настава по предметот ликовна култура.
Англиски: art education

лицеј повеќе

мн. лицеи
Вид збор: Именка, машки род
Интернатски тип cредно училиште во некои западноевропски земји.
Англиски: lyceum

логика повеќе

мн. логики
Вид збор: Именка, женски род
Како наставен предмет и учебник.
Англиски: logic Албански: logjika
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш