Образование - категорија

академија повеќе

мн. академии
Вид збор: Именка, женски род
Назив на некоја школа во ранг на факултет или средно стручно училиште.
Англиски: academy Албански: akademi

академски повеќе

академска
Вид збор: Придавка
Што се стекнува со диплома на факултет или друга висока школа.
Англиски: academic Албански: akademik
Што е универзитетски, студентски.
Англиски: academic Албански: akademik

алгебра повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наставен предмет и учебник за таа наука.
Англиски: algebra Албански: algjebër

алумнус повеќе

мн. алумни
Вид збор: Именка, машки род
поранешен универзитетски студент
Латински: alumnus Англиски: alumnus

анатомија повеќе

анатомијата
Вид збор: Именка, женски род
Наставен предмет и учебник по таа наука.
Англиски: anatomy Албански: anatomi

апсолвент повеќе

мн. апсолвенти
Вид збор: Именка, машки род
Студент што ги запишал и што ги заверил сите семестри и добил право да ги полага завршните испити.
Англиски: graduate

апсолвира повеќе

апсолвираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заврши, завршува со слушање на предавањата на некој факултет.
Англиски: graduate

асистент повеќе

мн. асистенти
Вид збор: Именка, машки род
Почетно наставно и научно звање на универзитет или во научна институција.
Англиски: assistant Албански: asistent

асистира повеќе

асистираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Извршува работа на асистент.
Англиски: assist Албански: asistoj

аудиториум повеќе

мн. аудиториуми
Вид збор: Именка, машки род
Сала во којашто се држат предавања, слушална.
Англиски: lecture hall Албански: auditorium, sallë leksionesh

аула повеќе

мн. аули
Вид збор: Именка, женски род
Широка, отворена просторија, свечена сала, обично на факултетите, во училиштата и сл.
Латински: aula Англиски: assembly hall
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш