академија
мн. академии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4588
1.
Назив на највисока научна или уметничка установа.
Примери:
Македонска академија на науките и уметностите.
Француска академија на науките.
2.
Назив на некоја школа во ранг на факултет или средно стручно училиште.
Примери:
Музичка академија.
Ликовна академија.
Воена академија.
Вид: училиште (ср.)
3.
Свечена приредба по повод некој важен настан.
Албански:
akademi
Беше одржана свечена академија по повод четириесетгодишнината од смртта на поетот.
Изведенки
академиски прид.
академискиот
Пример: академиски одбор
академискиот
Пример: академиски одбор