лекција
мн. лекции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4997
1.
Усно излагање на наставник.
Примери:
Држи лекции по биологија.
2.
Целина од материјалот што се предава на еден училиштен час; наставна единица.
Примери:
Денешната лекција по историја беше интересна.
Треба да повториш уште две лекции.
Слично со:
час (м.)
Изрази
Му одржа лекција - го искара.
Животна лекција - настан со многу големо значење, многу поучен за некого.