Лингвистика - категорија

абревијација повеќе

мн. абревијации
Вид збор: Именка, женски род
скратување на зборови
Англиски: abbreviation

агенс повеќе

мн. агенси
Вид збор: Именка, машки род
Вршител на дејство.
Англиски: agent Албански: agens veprimi

аглутинација повеќе

аглутинацијата
Вид збор: Именка, женски род
Слепување на јазични елементи.
Англиски: agglutination Албански: ngjitje

адјункт повеќе

мн. адјункти
Вид збор: Именка, машки род
прилошка определба
Англиски: adverbial adjunct

адресант повеќе

мн. адресанти
Вид збор: Именка, машки род
Испраќач на пораки, исказ, текст.
Англиски: sender Албански: dërgues

адресат повеќе

мн. адресати
Вид збор: Именка, машки род
Примач на порака, исказ, текст.
Англиски: addressee Албански: pranues, marrës

акроним повеќе

мн. акроними
Вид збор: Именка, машки род
Скратеница од лично име или назив.
Англиски: acronym

акцент повеќе

мн. акценти
Вид збор: Именка, машки род
Гласовно истакнување на определен слог или збор.
Англиски: accent Албански: theks
Знак за обележување на нагласувањето.
Англиски: accent Албански: theks

акцентен повеќе

Види и: акцентски (прид.)
акцентниот
Вид збор: Придавка
акцентски

акцентира повеќе

акцентираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Нагласи, нагласува, изговори, изговара со поголема сила на глас одделен слог од зборот.
Англиски: accentuate Албански: theksoj
Стави, става, обележи, обележува акцентски знаци на одделни слогови во пишан текст.
Англиски: accentuate Албански: theksoj

акцентираност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Нагласеност на определен слог.
Англиски: accentuation Албански: theksim

акцентски повеќе

Види и: акцент (м.)
акцентскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со акцент.

акцентуација повеќе

мн. акцентуации
Вид збор: Именка, женски род
акцентирање, нагласување
Англиски: accentuation

албанолог повеќе

мн. албанолози
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со проучување на албанскиот јазик, литература, култура и сл.

албанологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со проучување на албанскиот јазик, литература, култура и сл.

алитерација повеќе

мн. алитерации
Вид збор: Именка, женски род
Повторување на исти или слични гласови во повеќе зборови; два или повеќе збора едноподруго почнуваат со иста согласка.
Англиски: alliteration

американизам повеќе

мн. американизми
Вид збор: Именка, машки род
Збор или фраза карактеристична за САД.
Англиски: americanism

анафора повеќе

анафори
Вид збор: Именка, женски род
Повторување на исти зборови во почетокот на два или повеќе стиха едноподруго.
Англиски: anaphora

англизам повеќе

мн. англизми
Вид збор: Именка, машки род
Збор или израз позајмен од англискиот јазик.
Англиски: anglicism

англист повеќе

мн. англисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со англистика.

англистика повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за англискиот јазик и литературата.
Англиски: English Албански: anglisht
Студии по англиски јазик.
Англиски: English Албански: anglisht

антоним повеќе

мн. антоними
Вид збор: Именка, машки род
Збор со спротивно значење.
Англиски: antonym

антонимија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Својство на спротивно значење кај некои зборови.
Англиски: antonymy

апозиција повеќе

мн. апозиции
Вид збор: Именка, женски род
Надополнување на значењето на збор со други зборови.
Англиски: apposition

арабистика повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за арапскиот јазик, литература и култура.

арго повеќе

мн. аргоа
Вид збор: Именка, среден род
Таен јазик на еден социјален слој или на група луѓе, неразбирлив за другите.
Турски: argo Француски: argot

Ариец повеќе

мн. Аријци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на народи од индоевропската или индогерманската јазична фамилија.
Англиски: Aryan

архаизам повеќе

мн. архаизми
Вид збор: Именка, машки род
Застарен збор во ретка употреба.
Англиски: archaism Албански: arkaizëm

асимилација повеќе

(едн.) асимилацијата
Вид збор: Именка, женски род
Процес при кој се врши преглас на гласовите.
Англиски: assimilation Албански: asimilim

афористичен повеќе

афористичниот
Вид збор: Придавка
Што содржи афоризми, што има својство на афоризам.
Англиски: aphoristic
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш