Лингвистика - категорија

галицизам повеќе

мн. галицизми
Вид збор: Именка, машки род
Особеност на францускиот јазик; збор или јазична конструкција карактеристична за францускиот јазик, а преземена во друг јазик.

генеративен повеќе

генеративниот
Вид збор: Придавка
Што може да генерира; способен да создава.

генерички повеќе

генеричкиот
Вид збор: Придавка
заеднички, општ
Англиски: generic

германизам повеќе

мн. германизми
Вид збор: Именка, машки род
Особеност на германскиот јазик; збор или јазична конструкција карактеристична за германскиот јазик, а преземена во друг јазик.

германист повеќе

мн. германисти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со германистика.
Англиски: germanist

германистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со проучување на јазиците, книжевноста и историјата на германските народи.
Англиски: german philology

глаголица повеќе

(едн.) глаголицата
Вид збор: Именка, женски род
Првата словенска азбука, составена од браќата Кирил и Методиј во IX век, којашто содржела 38 букви и на која биле напишани најстарите црковни книги.

глаголски повеќе

глаголскиот
Вид збор: Придавка
Што е напишан на глаголица.

глас повеќе

мн. гласови
Вид збор: Именка, машки род
Најмал елемент на јазикот - согласка, самогласка.
Англиски: phoneme Албански: fonemë

гласеж повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Изговор на определени гласови.
Англиски: pronunciation

глосар повеќе

мн. глосари
Вид збор: Именка, машки род
Список на зборови со нивно објаснување на крај од текстот.
Англиски: glossary

говор повеќе

мн. говори
Вид збор: Именка, машки род
устен јазик
Англиски: speech Албански: të folur
начин на зборување
Англиски: pronunciation Албански: shqiptim
територијален јазик
Англиски: dialect Албански: dialekt

готица повеќе

(едн.) готицата
Вид збор: Именка, женски род
Латинично писмо (азбука), настанато во времето на готиката, со остри, аглести букви.
Англиски: Gothic

граматика повеќе

мн. граматики
Вид збор: Именка, женски род
Дел од лингвистиката во кој се проучуваат морфолошкиот и синтаксичкиот систем на даден јазик.
Англиски: grammar Албански: gramatikë
Учебник по граматика.
Англиски: grammar Албански: gramatika

граматичар повеќе

мн. граматичари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со граматика.

графема повеќе

мн. графеми
Вид збор: Именка, женски род
Знак (буква) што претставува одреден глас (фонем).
Англиски: graphem

гутурален повеќе

гутурални
Вид збор: Придавка
Што е произведен во грлото.
Англиски: guttural
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш