Лингвистика - категорија

дамаскин повеќе

мн. дамаскини
Вид збор: Именка, машки род
Вид црковен зборник со поучни текстови во кој јазикот од црковнословенски е приближен до народниот.

двогласка повеќе

мн. двогласки
Вид збор: Именка, женски род
Две самогласки во еден слог.
Англиски: diphthong

двојазичен повеќе

двојазичниот
Вид збор: Придавка
Што е на два јазика.
Англиски: bilingual
Примери:
Двојазичен речник.
Што зборува, каде што се зборуваат два јазика.
Англиски: bilingual
Примери:
Двојазично население.

двосложен повеќе

двосложниот
Вид збор: Придавка
Што има два слога.

декодира повеќе

декодираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Преведе, преведува кодирана порака во друг, разбирлив код (јазик).
Англиски: decode

делта повеќе

мн. делти
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Четвртата буква од грчката азбука.
Англиски: delta Албански: delta

демоним повеќе

мн. демоними
Вид збор: Именка, машки род
Име на еден народ.
Англиски: demonym

дериват повеќе

мн. деривати
Вид збор: Именка, машки род
Изведен, мотивиран збор.
Англиски: derivative Албански: derivat

детерминација повеќе

мн. детерминации
Вид збор: Именка, женски род
Поблиско определување на некој поим.
Англиски: determination

дешифрира повеќе

дешифрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Одгатне, одгатнува, прочита, чита шифра или текст.
Англиски: decrypt Албански: deshifroj, dekodoj

дијакритички повеќе

дијакритичкиот
Вид збор: Придавка
Графички додаток на буквата со кој се менува или се модификува нејзината гласовна вредност.
Англиски: diacritical

дијалект повеќе

мн. дијалекти
Вид збор: Именка, машки род
Говор со свои јазични специфичности, обично во еден крај, во еден реон.
Англиски: dialect Албански: dialekt

дијалектен повеќе

дијалектни
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што припаѓа на дијалект.

дијалектизам повеќе

мн. дијалектизми
Вид збор: Именка, машки род
дијалектна јазична карактеристика
Англиски: dialecticism

дијалектолог повеќе

мн. дијалетколози
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со дијалектологија.

дијалектологија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со проучување на јазичните карактеристики на дијалектите.
Англиски: dialectology

дијасистем повеќе

мн. дијасистеми
Вид збор: Именка, машки род
Систем од временски, социјални и географски системи.
Англиски: diasystem

дијахронија повеќе

мн. дијахронии
Вид збор: Именка, женски род
Разгледување на историските промени на даден јазик во текот на различни временски периоди.
Англиски: diachrony Албански: diakroni

дикција повеќе

мн. дикции
Вид збор: Именка, женски род
Јасен изговор, чистота и беспрекорност во звучењето на секој глас, секој збор, секоја реченица и секоја говорна целина.
Англиски: diction

допусен повеќе

Види и: допушти (св.)
допусни
Вид збор: Придавка
За предлог или сврзник со којшто се искажува или cе означува некакво допуштање.
Англиски: concessive

дублет повеќе

мн. дублети
Вид збор: Именка, машки род
Еден од два рамноправни називи или една од две варијанти на некој збор кои се разликуваат меѓу себе морфолошки, фонетски или според акцентот.
Англиски: doublet Албански: dublet
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш