Лингвистика - категорија

оксиморон повеќе

мн. оксиморони
Вид збор: Именка, машки род
Стилска фигура која е резултат на спојување на два противречни поими.
Англиски: oxymoron

ономастика повеќе

(едн.) ономастиката
Вид збор: Именка, женски род
Целокупност на сопствени имиња во еден јазик.
Англиски: onomatology Албански: onomastikë
Дел од лингвистиката што ги изучува сопствените имиња.
Англиски: onomatology Албански: onomastikë

ономастикон повеќе

мн. ономастикони
Вид збор: Именка, машки род
Речник на сопствени имиња.
Англиски: onomasticon

ономатопеја повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Зборови образувани преку подражавање звукот, имитирање гласови, звукови од природата.
Англиски: onomatopoeia

онтологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од филозофијата што се занимава со севкупното поcтоење, што го проучува битието, неговите општи, фундаментални и конститутивни својства.
Англиски: ontology

определба повеќе

мн. определби
Вид збор: Именка, женски род
Во лингвистиката - збор или зборови во реченицата, кои од поблиску определуваат, појаснуваат друг збор; признак, ознака.
Англиски: determination Албански: përcaktim, determinim
Примери:
прилошки определби

определеност повеќе

Види и: определен (прид.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Во лингвистиката - граматичка категорија кај именските зборови, изразена со определен член.
Англиски: determination Албански: determinim

ортографија повеќе

(едн.) ортографијата
Вид збор: Именка, женски род
Систем од правила за пишување во еден јазик.
Англиски: orthography

ортоепија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Систем од правила за изговарање на гласовите во еден јазик.
Англиски: orthoepy
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш