Лингвистика - категорија

европеизам повеќе

мн. европеизми
Вид збор: Именка, машки род
Збор или израз што се употребува во поголем број европски јазици.

егзоним повеќе

мн. егзоними
Вид збор: Именка, машки род
Име различно од официјалното, што се користи во други земји.
Англиски: exonym

едногласник повеќе

мн. едногласници
Вид збор: Именка, машки род
самогласка
Англиски: vowel

еднојазичен повеќе

еднојазичниот
Вид збор: Придавка
Што се служи со само еден јазик.

емфаза повеќе

(едн.) емфазата
Вид збор: Именка, женски род
Истакнување на елемент во зборувањето преку интонацијата, со повторување или на друг начин.
Англиски: emphasis Албански: shprehje

ендоним повеќе

мн. ендоними
Вид збор: Именка, машки род
Име што се употребува внатрешно во земјата, официјално име.
Англиски: endonym

енклитика повеќе

мн. енклитики
Вид збор: Именка, женски род
Збор без свој акцент што се поврзува при изговорот во акцентска целост со претходниот акцентиран збор.
Англиски: enclitic

енциклопедија повеќе

мн. енциклопедии
Вид збор: Именка, женски род
Книга, научно дело што дава прегледни податоци и информации средени по азбучен ред кои може да бидат општи или од некоја определена област.
Англиски: encyclopedia

енциклопедиски повеќе

Види и: енциклопедија (ж.)
енциклопедискиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со енциклопедија.
Англиски: encyclopedic

епиграф повеќе

мн. епиграфи
Вид збор: Именка, машки род
Фраза, реченица, цитат на почетокот на некое дело или на поглавје со која писателот ја истакнува основната идеја.
Англиски: epigraph Албански: epigraf

епиграфика повеќе

мн. епиграфики
Вид збор: Именка, женски род
Збир од натписи, епиграфи.
Англиски: epigraphy Албански: epigrafia

епитет повеќе

мн. епитети
Вид збор: Именка, машки род
Стилско изразно средство, збор, обично придавка, што објаснува и определува друг збор, најчесто именката.
Англиски: epithet Албански: epitet
Постојан епитет - постојана определба кон определни именки што се повторува во разни текстови.
Англиски: epithet Албански: epitet

ер повеќе

мн. ерови
Вид збор: Именка, машки род
Редуциран вокал во гласовниот систем во старословенскиот јазик; ер голем и ер мал.

есперантист повеќе

мн. есперантисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што знае есперанто.
Англиски: esperantist

есперанто повеќе

(едн.) есперантото
Вид збор: Именка, среден род
вештачки меѓународен јазик
Англиски: Esperanto

етимолог повеќе

мн. етимолози
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со етимологија.
Англиски: etymologist

етимологија повеќе

мн. етимологии
Вид збор: Именка, женски род
Дел од лингвистиката што го проучува потеклото на зборовите.
Англиски: etymology

еуфемизам повеќе

мн. еуфемизми
Вид збор: Именка, машки род
Употреба на поблаг збор или израз за нешто лошо, непријатно, грубо или непогодно за дадена ситуација.
Англиски: euphemism

еуфонија повеќе

(едн.) еуфонијата
Вид збор: Именка, женски род
Милозвучност, хармонија на звуците.
Англиски: euphony

еуфоничен повеќе

Види и: еуфонија (ж.)
еуфонични
Вид збор: Придавка
Што звучи складно, убаво.
Англиски: euphonic

ефемизам повеќе

мн. ефемизми
Вид збор: Именка, машки род
Опис на нешто лошо со други, поубави зборови.
Англиски: euphemism Грчки: εθφεμισμοσ
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш