топ (м.)
Рикаат топовите, трештат бомбите, но фронтот си стои на истото место.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа да не му е, топ не го разбива.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Прочуениот Август Рицман со смешни гримаси на лицето оди кон смртоносниот топ. Тој, живата граната - Август.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И сам, без многуте како мене, бев посилен дури и од нивните топови. И пак се смеев.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Прочуениот човек од гума Август Рицман ќе излета од грло на голем топ и ќе пробие три пламени обрачи. Сјајна, незаборавена точка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гусари, ве чекаат гладните грла на нашите топови. Капка дожд го погоди Симеоновиот кораб. И пак уште една.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Питу Гули не чу со каков страшен татнеж падна и се разби камбаната од црквата св. Никола, погодена од турските топови...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во следниот момент Бахтијар-паша нареди во борбата да влезе и анадолскиот полк, артилеријата да почне од сите топови да го бие градот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ѓулињата од нивните топови постојано експлодираа на позициите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Гусарско знаме и четири буриња рум крај топовите. Ха, бандо, ќе биде весело!
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Германците оддалеку пак почнаа да пукаат со топови во селото.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Долу во полето пукна топ.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Бувтаат топови, татнежи в уши ријат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Соба преку црн праг мине, а зад неа модра пчела со топ стара мечка стрела, па мечката в река плива, но ја демне риба дива и ја лапа.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Кога артилерците ги свртеа цевките на своите топови кон противникот, останаа зачудени: во секоја цевка - маслинова гранка!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Небото, како лути оси го пореа роишта метални птици, а далечините вриеја од рикањето на топовите.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Тој ден не пукна ниту една пушка, не излета ниту еден авион, не рикна ниту еден топ, не пројде ниту еден тенк и ниту еден генерал не даде заповед за битка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Оти фронт е, војна. Војска ги има затнато сите патишта натаму. Секаде по сртот е топ до топ.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Каде сѐ има топови? - праша капетанот. - Еден е тој на цуцето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Од болот што стисокот му го нанесе Србин почна да се созема, сфаќајќи дека тоа не е грмотевица како што прво помисли, туку дека топови рикаат отаде на фронтот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)