топка (ж.)
АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Говореше онаа мала топчеста бригадирка што ја плискаше со вода оној ден, беше се распалила, а образите и вивнале в огин: – Залудно ќе ни оди сета работа, додека сред нас има саботери.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Во тоа време најубавиот крај на земјината топка беше широчината на крајот на нашата улица.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Страшен и семоќен ми се стори крај шарениот глобус - како господ, господар на Земјината топка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
За доказ му покажа една топка коса искубана од Доста и напна да го кандисува да се дели од браќа си.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но има, знам сигурно, има:ајдучко детство во замаглен сокак. Крпена топка. Украдени праски.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пред плисоците, на крај од жолтата суша во која се множеа мешлести бубалчиња што ги ослободуваа покосените и непокосените класја од зрна, по земјата се тркалаа со невидена брзина проѕирни топки електрицитет, ги косеа овците по планините и луѓето по улиците, ги гореа амбарите и ги поцрнуваа куќите, внесуваа во срцата страв и болка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Зимаа стркала топка од бели мисли но ти не извика топла е студенината на снегот Па сега без прекин чекориш по тенкиот млаз од светлината што како пат виножитен се распнал меѓу погледите и води во густата жижа на едно познато молчење Се чудиш зошто се гранките во превезот румено бел проѕирни како мирната и широката мрежа на очите Но колку и да се надвесени тие над мртвите води сепак би те грабнале на раце
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
И тој им одговори, фрлајќи по нив со снежни топки.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Не му требаше долго да почне а кога почна - потекоа прашања и се затркалаа околу него како топки од гума.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но бргу се прибра и мирно одговори: - Ја барав таму топката и сум заспал.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Си ја провлекува раката на подот, ги напипува тркалезните студени топки. Има уште дванаесет. Чувај се сатано!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Длабеа тие по тој одвај проретчен врнеж натаму меѓу стеблата, две црни прилики, две црни топки, една по друга, сѐ повеќе личеа на сенки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Језекил можеше само да ги дослуша сите тие тупи удари надолу, без да направи ниеден чекор, тоа таму, удирајќи де во ѕидовите, де во скелињата, продолжуваше да паѓа младото цврсто тело на малтерџијата со големите бакарни топки на мускулите по рамениците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На волците не им требаше многу време и за да наскокаат и за да се вплетат еден во друг, насобирајќи се во својата жилава топка, што отскокнуваше, прштеше, цвичеше и крцкаше со забите, неразделно вчекнати околу голите коски на смртта, како во својата единствена и неизбежна патека кон сите идни вакви ноќи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се собраа и трите шарени топки, едночудо коцки, чинивчиња и лончиња.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Зоки Поки има многу играчки: и моторен воз, и авион, и лимузини, и велосипеди, и трактор, и дигалка, и топки, и труби.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Мачорот на Зоки е дебел и прилега на голема топка за плажа. Но, иако сите го признаваат тоа, никој не умее да каже како тој го доби своето име, кое, впрочем, никако не потсетува на таква топка.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тогаш стаклото на нашиот прозорец прсна на илјади парчиња и во собата, пред нозете на мојот дедо падна голема, црвена топка.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)