топлина ж.

топлина (ж.)

Светот, оној свет чии чела грижата ги изора со плугот на неизвесноста, очекуваше уште многу топлина од сонцето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И ене го најпосле и „Илиос“ на Трибор, како нункова погача, на лоза печена, поцрвенета на горната коринка. Не излегол ни еден остен, а веќе насекаде се осетува неговото пријатно присуство со светлиот поглед и пријатната пролетна топлина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Патувајте, птици. Јас сум само смрзнат и недоречен крик на моето месо. Крик за еден југ, за една топлина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Топлината на пламенот го совладуваше; кога ги склопи очите се смири, чедно побеле и остана детски насмевнат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Излегоа тројца од три кожурки на своите соништа а тој, претпоставувајќи во нивните сонливи очи топлина и чувство, ги праша со рапаво грло: „Каква е оваа ноќ, оваа проклета црна ноќ?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Седеше и се грееше, но набргу од топлината му се приспа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Најпосле еве ги белите снежни покриви од високите градски куќи, еве ги осветлените прозорци, еве ги и црните оџаци низ кои избива дим и пријатна топлина.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја остави вечерва својата топлина во туѓа постела.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- О! - се зачуди кога ѕирна внатре. Се изненади од чистотата на ластовичиниот стан, и од пријатната топлина.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Одеше полеа осветлена до поткожа и тој виде многу ситни брчки околу нејзините очи и усни, ја виде крај човек по се сличен на неа и се сети на сите други што ги знаел, се сети и на втората Марија и претпостави дека не би имал топлина во својата крв ни за неа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Неодамна, само пред два дена, на оваа клупа тој ја сеќаваше младата топлина на Аниното тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор му ја фати раката: - Топла е уште, топлината те задолжува...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Живото раскажување влеваше бодрина во настроението на Арсо и некоја убава топлинка струјкаше во неговото тело. ...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би можел да плови низ неа со својот поглед, би можел да се вивнува во сите нејзини неизмерни, незамисливи глобочини и да открива секое нејзино катче по бескрајот, исполнет до пребликнување од сите оние црвеникави допири на топлината по лицето, а пак да си остане отпуштен и така сосема, сосема мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Полетуваше по неа, полн со топлината на таа своја тивка игра, во која потреперуваше и некаков безшумен лет на преперуга, некакво бело танцување, и некаков безграничен устрем на галеб, во таа бес тежинска собраност на сѐ, што постоеше од него, само во тој поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од светлосната топлина на ламбата, меѓу печатените букви се покажаа други ракописни букви.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дувам во јаката од палтово, но пареата е немоќна да лизне со топлина: предвреме замрзнува и се лепи со сињат по влакната на јаката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во душата му се разлеваше чудна топлина и милина.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А сепак беше пријатен, особено кога ќе се насмевнеше. Тогаш од неговоте очи избиваше топлина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе