сом (м.)
Грлото му се исуши, не може плунката да си ја голтне, а ете Бојана, проклета Бојана, пак го праша: — Тебе те прашам, море сому, шо не кажиш кај одиш? — и пак се насмеа сама и застана пред магарето да не може да помине.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мртвиците, вировите, и блатата беа богати со риби - сом, крап, клен, мрена, штука, бојник, јагула, - а врбаците, шамачиштата и ливадите со барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сево ова време не можам да се ослободам од чувството дека некој ме влече за нос, дека сум се фатил како сом на јадицата на некое буниште.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Можеби во чинијата е светиниколски сом печен на вода.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
3. Верувам, драг Аристине, дека не сте можеле да го сонувате зададениот сон и да го изедете во сонот зададениот ручек, оној светиниколски сом печен на вода.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Имателите на туѓите станови молчеа како сомови под стреи и чекаа да дојде новото време, да дојде новата власт. И дојде.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
До сега се закитила со два трофеја. И двата „сома“ биле „среќно“ оженети.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)