сомбреро (ср.)
Меѓувремено, ене го Сатирот, качен на коњ, облечен како каубоец, со своите криви нозе стегнати околу натагарениот стомак на коњот, во траперки и со сомбреро на главата, распеан, мавта со ласото над својата глава и тера пред себе преку ридови и долини една бескрајна сурија луѓе.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Како што современите астрономи глобуларните јата на спиралната галаксија, ги нарекле галаксија сомбреро, бидејки со својата форма тие глобуларни јата се слични на шпанско и латинско- американско сомбреро.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Носеше волнена, синкава кошула, запетлана напред со бисерно-сива и претерано нагласена врвка, со неуништлива кафеава облека од патка, со неизбежно високи чизми со мексикански мамузи и мексиканско сламено сомбреро.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)