сомнева (несв.)
Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
МЛАДИЧОТ: (Скоро отскокнува од навреденост.) Вие не ме познавате мене и јас со ништо не сум Ви дал повод да се сомневате во мене.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Никој во него не може да се сомнева.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Беше со подзамижани очиња коишто како да се сомневаат во нешто.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Никој во моментот не се сомневаше, бидејќи и едните и другите бараа уточиште од него, а тој ја имаше уште силата и авторитетот во народот за да го направи реченото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа го почувствуваа сите и не се сомневаа дека Толе што зборува и прави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Веќе немаш во ништо верба, па и во бога се сомневаш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Човекот најмногу не верува кога се сомнева во себеси.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И никој веќе не се сомневаше дека најпосле и на овој проблем ќе му се стави точка, кога однекаде пак, по којзнае кој пат, се јави нејзиниот глас, рече: - Ајдете, - ни довикна, - што сте замрзнале, одете!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Високиот се сомнева дека си му го украл пиштолот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сомневаше дека му прави магија да умре, зашто при секое враќање од брегот каде што ја држеше ногата во топлата вода, ја забележуваше неговата слика обесена на ѕидот во одајата, малку помрдната, а на очите фрлена пепел.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Христијаните молеа во пресметката да ја изгуби главата тој, Арслан бег, не само зашто беше опачен и неприкрепен на умот, туку и дека она во кое до појавата на гласот само се сомневаа, сега, благодарение на него, на гласот, сосема веруваа, а Турците Арслан бег да го надвие гласот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се сомневам дека таа идеја ќе може да ја потисне бугарската ако остане само како чисто и голо спротивставување па затоа српската идеја би имала голема полза од еден свој сојузник кој би бил остро спротивставен на бугаризмот и кој би содржел во себе елементи што ќе можат да го привлечат народот и кои ќе му бидат блиски на неговите чувства, и кои ќе го отцепат од бугаризмот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ама колку повеќе се бранам, толку повеќе се сомневам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тефик заптијата се сомневаше, ама ништо не можеше да рече.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Се сомневаш? Еве, ќе видиш - уште малку и готово.“ Тврдоглаво го убедував. „Уште тркалата да ги прицврстиме.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Навистина не знам како сум можел да се сомневам во овие луѓе. Освен баџанакот кој исто така е тука.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Проблемите предизвикани од сегашната војна против дрогата ме загрижуваат исто колку и Даг Бендоу, иако се сомневам дека стратегијата за која тој се залага е правилна и може да се примени.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)