Спорт - категорија

салто повеќе

мн. салта
Вид збор: Именка, среден род
Опасен скок преку глава во воздухот.
Англиски: somersault Албански: salto, kapërdimje

салтомортале повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Акробатски скок преку глава.
Англиски: backflip

санкач повеќе

мн. санкачи
Вид збор: Именка, машки род
Спортист што се натпреварува во санкање.
Англиски: tobogganist
Примери:
австриски санкачи

свилен повеќе

Види и: свила (ж.)
свилени
Вид збор: Придавка
кроток, мирен, мек, изгладен
Англиски: meek Албански: i urtë

свинг повеќе

свингот
Вид збор: Именка, машки род
Силен удар од поголема далечина во боксот.
Англиски: swing Албански: sving

сврска повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Играч што служи како врска меѓу навалата и одбраната.
Англиски: midfield player Албански: mesfushor

седмерец повеќе

мн. седмерци
Вид збор: Именка, машки род
пенал во ракомет
Англиски: penalty throw Албански: penallti shtatëmetërshe

седмобој повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Атлетски натпревар, најчесто за жени, во кој натпреварувачите учествуваат во седум дисциплини.
Англиски: heptathlon

седумка повеќе

мн. седумки
Вид збор: Именка, женски род
Карта за игра со седум знака.

секундант повеќе

мн. секунданти
Вид збор: Именка, машки род
Во боксот, шахот - помошник и посредник на одделен учесник на натпреварите.
Англиски: second Албански: sekundant

секундира повеќе

секундираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Помогне, помага на учесник во некои натпревари.
Англиски: second Албански: sekundoj

селектор повеќе

мн. селектори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши селекција; спортско лице што ја следи формата на одделни играчи и ја составува избраната екипа.
Англиски: coach Албански: trajner

селекција повеќе

мн. селекции
Вид збор: Именка, женски род
Избор, подбор воопшто; избрана екипа.
Англиски: team Албански: seleksion, ekipë

семафор повеќе

мн. семафори
Вид збор: Именка, машки род
Сигнална табла за јавно прикажување на резултатот и времето на спортски натпревар.
Англиски: scoreboard Албански: semafor

сендвич повеќе

мн. сендвичи
Вид збор: Именка, машки род
Двајца играчи на еден, ножици, клешти.
Албански: sanduiç, gërshër

сениор повеќе

мн. сениори
Вид збор: Именка, машки род
Постар член на некоја заедница, особено спортска.
Англиски: senior Албански: senior

сениорски повеќе

Види и: сениор (м.)
сениорска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сениор.
Англиски: senior
Примери:
Во сениорската конкуренција победија домашните.

серва повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид игра со топка за двајца или за четворица играчи.
Англиски: serve

сервер повеќе

мн. сервери
Вид збор: Именка, машки род
Во тенис, пинг-понг, одбојка - играч што сервира.
Англиски: server Албански: lojtar servues

сервира повеќе

сервираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Во тенис, пинг-понг, одбојка - изведе, изведува сервис, почне, почнува игра.
Англиски: serve Албански: servoj
Примери:
Прво сервираше нашиот репрезентативец.

сервирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Сервирање топка.
Англиски: service Албански: servim

сервис повеќе

мн. сервиси
Вид збор: Именка, машки род
Во тенис, пингпонг, одбојка - почетен удар.
Англиски: serve Албански: serv, goditje

сет повеќе

мн. сетови
Вид збор: Именка, машки род
Во тенис, одбојка, пинг-понг - заокружен, целосен дел од играта; комплет, целина од повеќе помали делови, единици.
Англиски: set Албански: set

симултанка повеќе

мн. симултанки
Вид збор: Именка, женски род
Во шахот - игра на еден играч против повеќемина на повеќе плочи истовремено.
Примери:
Симултанка против дваесет првокатегорници.

сингл повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Во тенис и пинг-понг - игра во која настапува само по еден натпреварувач од обете страни.
Англиски: single

скакалиште повеќе

Види и: скокалиште (ср.)
мн. скакалишта
Вид збор: Именка, среден род
скокалиште

скија повеќе

(се) скијаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се лизга со скии.
Англиски: ski

скија повеќе

мн. скии
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Спортски реквизит за лизгање по снег, вода и сл.
Англиски: ski

скијање повеќе

Види и: скија (несв.)
(едн.) скијањето
Вид збор: Именка, среден род
спортска дисциплина
Англиски: skiing Албански: skijim

скијач повеќе

мн. скијачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се бави со скијање.
Англиски: skier

скијачка повеќе

Види и: скијач (м.)
мн. скијачки
Вид збор: Именка, женски род
женски скијач
Англиски: skier

скијачки повеќе

скијачка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на скијач и скијање.

скиф повеќе

мн. скифови
Вид збор: Именка, машки род
Лесен тесен чун за еден возач.
Англиски: skiff

скифист повеќе

мн. скифисти
Вид збор: Именка, машки род
возач на скиф
Англиски: skiffer

скок повеќе

мн. скокови
Вид збор: Именка, машки род
Отфрлување во воздух или далечина.
Англиски: jump Албански: kërcim
Низа од спортски дисциплини во скокање.
Англиски: jump Албански: kërcim

скокалиште повеќе

мн. скокалишта
Вид збор: Именка, среден род
Место за скокање.

скокалница повеќе

мн. скокалници
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се скока со скии.
Англиски: ski jump

скокач повеќе

мн. скокачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што скока; атлетичар што се натпреварува во скокање.
Англиски: jumper
Примери:
Во скок со стап победија нашите скокачи.

скокне повеќе

скокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изведе скок во спортска дисциплина, при вежба и сл.
Англиски: jump

слалом повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Алпска скијачка дисциплина во која натпреварувачот се спушта со скии поминувајќи низ вратички.
Англиски: slalom
Натпреварување во кајак на диви води при што натпреварувачот треба да помине низ одреден број врати, капии.

слизгалки повеќе

Види и: лизгалка (ж.)
слизгалките
Вид збор: Именка, множина
лизгалки
Англиски: skates

смук повеќе

Вид збор: Именка, множина
Спуштање право наудолу.
Англиски: downhill run
Примери:
Натпревари во смук.

смуча повеќе

(се) смучаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) скија
Англиски: ski

смучање повеќе

Види и: смуча (несв.)
смучањето
Вид збор: Именка, среден род
скијање
Англиски: skiing

смучар повеќе

мн. смучари
Вид збор: Именка, машки род
скијач
Англиски: skier

смучарски повеќе

смучарска
Вид збор: Придавка
скијачки
Англиски: skiing

смучарство повеќе

(едн.) смучарството
Вид збор: Именка, среден род
Спортување со смучки.
Англиски: skiing

смучка повеќе

Види и: скија (ж.)
мн. смучки
Вид збор: Именка, женски род
(поретко во едн.) скија
Англиски: ski

соблекувална повеќе

соблекувалната
Вид збор: Именка, женски род
Просторија за соблекување и облекување во јавни бањи плажи, стадиони и сл.
Англиски: locker room
Примери:
Изградија и убава соблекувална.

собори повеќе

соборат
Вид збор: Глагол, свршен
При борење, борба - кутне на земја.
Англиски: wrestle down Албански: rrëzoj

спаринг-партнер повеќе

мн. спаринг-партнери
Вид збор: Именка, машки род
Во боксот - тој што е противник при тренирање.
Англиски: sparring partner

спарингува повеќе

спарингуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се јавува како спаринг-партнер, изведува боксерски движења без задавање силни удари.
Англиски: spar

спаси повеќе

спасат
Вид збор: Глагол, свршен
Спречи, не дозволи да се случи нешто.
Англиски: prevent Албански: parandaloj

спојка повеќе

мн. спојки
Вид збор: Именка, женски род
Играч што служи како врска меѓу навалата и одбраната.
Англиски: midfield player Албански: mesfushor

спорт повеќе

мн. спортови
Вид збор: Именка, машки род
Физички вежби и игри.
Англиски: sport Албански: sport
Примери:
Пријател на спортот.

спортист повеќе

мн. спортисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со спорт.
Англиски: sportsman
Примери:
Нашите спортисти на олимпијадата.

спортски повеќе

спортска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на спорт; сврзан со спорт.
Англиски: sporting
Примери:
Спортски игри.
Кој служи за занимавање со спорт.
Примери:
Спортски терени.

спринт повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Трчање, пливање, спортување на кратки оддалечености.
Англиски: sprint

спринтер повеќе

мн. спринтери
Вид збор: Именка, машки род
Спортист специјалист за спринт.
Англиски: sprinter
Примери:
Победија нашите спринтери.

спринтерица повеќе

Види и: спринтерка (ж.)
мн. спринтерици
Вид збор: Именка, женски род
Специјални патики за тркачи и воопшто за атлетичари.

спринтерка повеќе

мн. спринтерки
Вид збор: Именка, женски род
За жена спринтер.
Англиски: sprinter Албански: sprintere
(обично мн.) Специјални патики за тркачи и воопшто за атлетичари.
Албански: sprintere

спринтерски повеќе

спринтерска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на спринтер.
Примери:
спринтерски дисциплини

спринтува повеќе

спринтуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Трча на кратка патека.
Англиски: sprint

спринтување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
спринтува
Англиски: sprint

спуст повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Скијачка дисциплина во која натпреварувачите се спуштаат по многу стрмна патека со што поголема брзина.
Англиски: downhill run

средба повеќе

мн. средби
Вид збор: Именка, женски род
натпревар
Англиски: match Албански: ndeshje

средишница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Обично во шахот - средниот стадиум на играта.
Примери:
Беше загубен уште во средишницата.

сретне повеќе

сретнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се сретна) Настапи на натпревар.
Англиски: meet Албански: takoj, ndesh

стадион повеќе

мн. стадиони
Вид збор: Именка, машки род
Место за спортски натпревари со трибини за гледачи.
Англиски: stadium

стаза повеќе

мн. стази
Вид збор: Именка, женски род
спортска патека
Англиски: route Српски: стаза

стап повеќе

мн. стапови
Вид збор: Именка, машки род
спортска справа
Англиски: pole Албански: shkop

старт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Почеток на спортски натпревар.
Англиски: start Албански: start, fillim
Во фудбалот - настап на топката.
Англиски: kick off Албански: start, fillim

стартер повеќе

мн. стартери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што дава знак за почеток на натпревар.
Англиски: starter Албански: startues

стартува повеќе

стартуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Започне натпревар.
Англиски: kick off Албански: vë topin në lojë

статива повеќе

мн. стативи
Вид збор: Именка, женски род
Една од гредите на голот.
Англиски: bar

стегач повеќе

мн. стегачи
Вид збор: Именка, машки род
Споена еластична лента што спортистите обично ја носат за стегање на зглобовите.
Англиски: wrist band

стероиди повеќе

Вид збор: Именка, множина
Група важни органски соединенија.
Англиски: steroids

стипл-чез повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Натпревар, трчање преку пречки.
Англиски: steeplechase

стометраш повеќе

мн. стометраши
Вид збор: Именка, машки род
Тркач на сто метри.
Англиски: sprinter

стрела повеќе

стрелаат
Вид збор: Глагол, несвршен
шутира
Англиски: shoot Албански: shutoj

стрелање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
спортска дисциплина
Англиски: shooting Албански: gjuajtje si disciplinë sportive

стрелаштво повеќе

(едн.) стрелаштвото
Вид збор: Именка, среден род
спортска дисциплина
Англиски: shooting

стрелец повеќе

мн. стрелци
Вид збор: Именка, машки род
голгетер
Англиски: scorer Албански: shënues

стреличарство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Спортска дисциплина во стрелање.
Англиски: shooting

суди повеќе

судат
Вид збор: Глагол, несвршен
Води натпревар.
Англиски: referee Албански: arbitër

судија повеќе

мн. судии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што води натпревар.
Англиски: referee Албански: arbitër

сурфа повеќе

сурфаат
Вид збор: Глагол, несвршен
„Јава“ на бранови.
Англиски: surf
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш