Спорт - категорија

гард повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Одбранбена положба во одредени спортови.
Англиски: guard

гем повеќе

мн. гемови
Вид збор: Именка, машки род
Во тенисот - дел од сетот.
Англиски: game

гимнастика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Физички вежби што служат за развивање и одржување на мускулатурата на телото.
Англиски: gymnastics

гимнастицира повеќе

гимнастицираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави гимнастички вежби.
Англиски: exercise

гимнастичар повеќе

мн. гимнастичари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со гимнастика.
Англиски: gymnast

гол повеќе

мн. голови
Вид збор: Именка, машки род
Простор на двата краја на спортскиот терен ограничен со дрвена конструкција (стативи) и мрежа во која треба да се уфрли топката.
Англиски: goal Албански: gol
Погодок во фудбал, ракомет и др.
Англиски: goal Албански: gol

голгетер повеќе

мн. голгетери
Вид збор: Именка, машки род
Спортист што дава голови.
Англиски: goalgetter

голман повеќе

мн. голмани
Вид збор: Именка, машки род
Играч што го брани голот.
Англиски: goalkeeper Албански: portjer

голф повеќе

(едн.) голфот
Вид збор: Именка, машки род
Спортска игра при која со палки се втеруваат топчиња во дупки.
Англиски: golf Албански: golf

грбен повеќе

грбниот
Вид збор: Придавка
на грб
Англиски: backstroke

греда повеќе

мн. греди
Вид збор: Именка, женски род
Спортска направа за вежбање гимнастика, направена од долго, дебело и право дрво со ногалки.
Англиски: balance beam Албански: vegël, gjimnastikore, tra

грогиран повеќе

грогирани
Вид збор: Придавка
онеспособен, зашеметен
Англиски: groggy
Примери:
грогиран противник

губи повеќе

губат
Вид збор: Глагол, несвршен
Доживува пораз (во игра, натпревар, војна).
Англиски: lose Албански: humbas
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш