Спорт - категорија

автогол повеќе

мн. автоголови
Вид збор: Именка, машки род
Гол постигнат од член на сопствената екипа.
Англиски: own goal

аеробик повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Комбинирани ритмички вежби преку растегнување и тренинг за сила со цел да се подобри целокупното здравје.
Англиски: aerobics

аикидо повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Модерна јапонска боречка вештина.
Англиски: Aikidō

амазонка повеќе

мн. амазонки
Вид збор: Именка, женски род
Женска облека за јавање.
Албански: veshje femrash për kalërim

аперкат повеќе

мн. аперкати
Вид збор: Именка, машки род
Во боксот, удар одоздола.
Англиски: uppercut

ас повеќе

мн. асови
Вид збор: Именка, машки род
Во тенисот - поен постигнат со сервисот.
Англиски: ace

атлет повеќе

мн. атлети
Вид збор: Именка, машки род
Развиен, снажен, спортски граден маж.

атлетика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Гранка на спортот што опфаќа повеќе дисциплини (трчање, скокање, фрлање копје).
Англиски: athletic

атлетичар повеќе

мн. атлетичари
Вид збор: Именка, машки род
Спортист што се занимава со атлетика.
Англиски: athletic

аут повеќе

Вид збор: Прилог
Излегување на топката надвор од обележаниот простор на игралиштето.
Англиски: out

аут-линија повеќе

мн. аут-линии
Вид збор: Именка, женски род
Линија која го означува крајот на спортското игралиште.
Англиски: offside

аутсајдер повеќе

мн. аутсајдери
Вид збор: Именка, машки род
Човек или тим, екипа од кој не се очекува победа на натпревар.
Англиски: outsider Албански: autsajder
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш