Спорт - категорија

рагби повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вид игра со јајцевидна топка меѓу два тима со по 13 или 15 играчи кои настојуваат топката да ја префрлат во противничкото поле, игра со мошне слободни правила, настаната на Рагби колеџот во градот Рагби, Англија.
Англиски: rugby

рагбист повеќе

мн. рагбисти
Вид збор: Именка, машки род
Играч на рагби.
Англиски: rugby player

разбој повеќе

мн. разбои
Вид збор: Именка, машки род
Гимнастичка опрема.
Англиски: bars Албански: shufër, pajisje gjimnastikore
Примери:
Вежби на разбој.

развиен повеќе

развиени
Вид збор: Придавка
Физички добро изграден, силен, здрав.
Англиски: well-built
Примери:
Не беше многу висок, но беше убаво развиен.

ракета повеќе

мн. ракети
Вид збор: Именка, женски род
Валчеста мрежеста лопатка со која се удира топката во тенисот.
Англиски: racket Албански: raketë tenisi
Лопатка за играње пинг-понг.
Англиски: racket Албански: raketë

ракомет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Игра со топка со раце.
Англиски: handball

ракометар повеќе

мн. ракометари
Вид збор: Именка, машки род
Спортист, играч на ракомет.
Англиски: handball player

ракометаш повеќе

Види и: ракометар (м.)
мн. ракометаши
Вид збор: Именка, машки род
ракометар
Англиски: handball player Српски: рукометаш

ракометен повеќе

ракометна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ракомет.
Примери:
Ракометен турнир.

рапир повеќе

мн. рапири
Вид збор: Именка, машки род
Меч со четириаголно сечило и со топче на врвот, наменет за спортско и школско вежбање.
Англиски: rapier Француски: rapièr

реванш повеќе

(едн.) реваншот
Вид збор: Именка, машки род
Отплата, одмазда за пораз во војна, во игра, а исто така и повторната борба преземена заради победа над поранешниот победник.
Англиски: revanche Француски: revanche Албански: revansh

регата повеќе

мн. регати
Вид збор: Именка, женски род
Натпревар со чунови, едрилици, јахти и сл.
Англиски: regatta

резултат повеќе

мн. резултати
Вид збор: Именка, машки род
Исход на спортски натпревар.
Англиски: score Албански: shënoj
Примери:
нерешен резултат

рекет повеќе

мн. рекети
Вид збор: Именка, машки род
Реквизит за играње тенис.
Англиски: racket Албански: reketë, rekuizitë

реконвалесцент повеќе

мн. реконвалесценти
Вид збор: Именка, машки род
Спортист чија повреда поминува.
Англиски: convalescent Албански: rekovalescent
Примери:
Тој настапи, иако се чувствуваше дека е уште реконвалесцент.

рекорд повеќе

мн. рекорди
Вид збор: Именка, машки род
Највисок успех, резултат во некое натпреварување.
Англиски: record Албански: rekord

рекордер повеќе

мн. рекордери
Вид збор: Именка, машки род
Спортист што постигнал рекорд.
Англиски: record holder Албански: rekorder

рекордерка повеќе

Види и: рекордер (м.)
мн. рекордерки
Вид збор: Именка, женски род
жена рекордер

рекреативец повеќе

мн. рекреативци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со рекреација, со телесни вежби.

рели повеќе

релито
Вид збор: Именка, среден род
Автомобилски натпревар.
Англиски: rally Албански: reli

репрезентативец повеќе

мн. репрезентативци
Вид збор: Именка, машки род
Претставник во меѓународни натпревари.
Англиски: international player

репрезентативка повеќе

Види и: репрезентативец (м.)
мн. репрезентативки
Вид збор: Именка, женски род
жена репрезентативец

репрезентација повеќе

мн. репрезентации
Вид збор: Именка, женски род
Екипа што претставува некого или нешто на некој натпревар (претставништво, избраници, застапници).
Англиски: national team Албански: ekip kombëtar

репрезентира повеќе

репрезентираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Застапи, застапува; настапи, настапува во службено својство како претставник на државата или на некоја важна установа; застапи, застапува на некој натпревар.
Англиски: represent

рибарски повеќе

рибарска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на рибар.
Англиски: fishing
Примери:
Рибарски прибор.

риболов повеќе

риболовот
Вид збор: Именка, машки род
Лов на риба.
Англиски: fishing Албански: peshkim
Примери:
Жителите на овој остров се занимаваат претежно со риболов.

риболовен повеќе

риболовна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на риболов.
Англиски: fishing
Примери:
Риболовна сезона.

риболовец повеќе

мн. риболовци
Вид збор: Именка, машки род
Обично - човек што лови риба како љубител; поретко - рибар.
Англиски: angler
Примери:
Страстен риболовец.

ринг повеќе

мн. рингови
Вид збор: Именка, машки род
Ограден простор за натпревари во бокс и борење.
Англиски: ring
Примери:
Борбите на рингот беа жестоки.

рипач повеќе

мн. рипачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што рипа добро.
Англиски: jumper

рокада повеќе

мн. рокади
Вид збор: Именка, женски род
Во шахот - преместување на кралот и топот под извесни услови.
Англиски: castling Германски: Rochade Албански: rokadë
Примери:
Не успеа да направи рокада.

рокаден повеќе

рокадна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на рокада.
Примери:
Рокаден напад.

рокира повеќе

(се) рокираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Во шахот - направи, прави рокада.
Англиски: castle Германски: rochieren Албански: bëj rokadë
Примери:
Веднаш штом рокира, тргна во напад.

ролери повеќе

ролерите
Вид збор: Именка, множина
Специјални чевли со тркалца.
Англиски: roller skates

ролшуи повеќе

едн. ролшуа
Вид збор: Именка, множина
Лизгалки на тркалца.
Англиски: roller-skate Германски: Rollschuhe

рунда повеќе

мн. рунди
Вид збор: Именка, женски род
Во боксот или во спортски натпревар определено време или фаза од борбата.
Англиски: round Албански: raund
Примери:
Нокаут во првата рунда.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш