суди
судат; судете; судев, судеа; судел; суден; судејќи; судење; судив, судија; судил
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2020
1.
За судија - решава судски процес.
Примери:
Ќе го судат за убиство.
2.
Води судски процес против некого.
Примери:
Ќе го судам за таа навреда.
Слично со:
тужи (св. и несв.)
3.
Води натпревар.
Примери:
Кој ќе го суди натпреварот денеска?
4.
Кори, кара некого за нешто.
Примери:
Брзам да стигнам побрзо, зашто татко ми ќе ме суди.
Слично со:
кори (несв.)
5.
Вади заклучок, создава мислење, проценува.
Примери:
Јас реков што имав, па вие судете.
Слично со:
проценува (несв.)
6.
(се суди) Води судски процес.
Примери:
Јас ќе се судам, мајко, со него.
Изрази
(разг.) Криво седи (збори), право суди.
(посл.) Кој брзо суди, брзо и се кае.
(посл.) Со богат не суди се, со рогат не боди се.