Анатомија - категорија

канал повеќе

мн. канали
Вид збор: Именка, машки род
Долгнавеста, цевчеста шуплина во организмот низ која минуваат или во која се наоѓаат одредени материи.
Англиски: tract Албански: trakt, kanal

капак повеќе

мн. капаци
Вид збор: Именка, машки род
Подвижен, кожен набор што го затвора окото.
Англиски: lid Албански: kapak

капилар повеќе

мн. капилари
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Најмал крвен сад во телото на човекот и на животните.
Англиски: capillary Албански: kapilar

капура повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Кај животни преживари - вториот, помал дел од желудникот.
Англиски: paunch Албански: lukthi te përtypsit

карлица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Коскен појаc изграден од коските на долниот дел од телото; долен дел од телото, колкови, бедра.
Англиски: pelvis Албански: kërllokëll, legen

карличен повеќе

карличниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на карлица.
Англиски: pelvic Албански: kërlloke, e kërllokut

катник повеќе

мн. катници
Вид збор: Именка, машки род
Заб во задниот дел од вилиците што служи за џвакање; катен заб.
Англиски: molar

китка повеќе

мн. китки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од раката од основата на прстите до зглобот или самиот зглоб.
Англиски: palm Албански: pallë, shputë

клапа повеќе

мн. клапи
Вид збор: Именка, женски род
Преграда на срцето, преку која се регулира движењето на крвта низ телото, залисток.
Англиски: valve Германски: Klappe Албански: valvulë

клепач повеќе

мн. клепачи
Вид збор: Именка, машки род
клепка
Англиски: eyelash Албански: qerpik

клепка повеќе

мн. клепки
Вид збор: Именка, женски род
Подвижен, кожен набор на окото, што го штити од повреда; очен капак.
Латински: palpebrae Англиски: eyelid Албански: qepallë

клиторис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Дел од женскиот полов орган.
Латински: clitoris Англиски: clitoris Албански: klitoris

клуч повеќе

мн. клучеви
Вид збор: Именка, машки род
Глужд, коскен зглоб.
Англиски: ankle Албански: nyjë

кобилица повеќе

мн. кобилици
Вид збор: Именка, женски род
Градна коска кај кокошки и други птици.
Албански: gjoks shpezësh

кожа повеќе

мн. кожи
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Надворешна обвивка што го покрива телото на човек или на животно.
Англиски: skin Српски: кожа Албански: lëkurë Бугарски: кожа

кожичка повеќе

мн. кожички
Вид збор: Именка, среден род
Мала и / или тенка кожа.
Англиски: skin Албански: lëkurë
Обвивка на внатрешните органи или празнини; тенка и нежна кожа воопшто.
Англиски: mucous membrane Албански: membranë

коленица повеќе

мн. коленици
Вид збор: Именка, женски род
колено
Англиски: knee Албански: gju

колено повеќе

мн. колена
Вид збор: Именка, среден род
Зглоб на човечката нога што ги спојува бедрената и потколеничната коска; дел од ногата на кој се наоѓа зглобот.
Англиски: knee Српски: колено Албански: gju Бугарски: коляно
Соодветен зглоб или дел од предна или задна нога на животно.
Англиски: knee Албански: gju
Дел од ногата над коленовиот зглоб.
Англиски: knee Албански: gju, prehër

колк повеќе

мн. колкови
Вид збор: Именка, машки род
Коска меѓу карличната и бедрената коска.
Англиски: hip Албански: këllk, bel
бедро
Албански: kërdhokull

колтук повеќе

мн. колтуци
Вид збор: Именка, машки род
Делот од раката до лактот, од долната страна.
Англиски: forearm Турски: koltuk Албански: llan dore, sqetull

комора повеќе

мн. комори
Вид збор: Именка, женски род
Во срце, мозок - дупка, шуплина во органот.
Англиски: ventricle Албански: ventrikul, barkushe

конструкција повеќе

мн. конструкции
Вид збор: Именка, женски род
Состав, градба на телото.
Англиски: structure Албански: strukturë

кора повеќе

мн. кори
Вид збор: Именка, женски род
Надврешен дел на некој орган кај живите организми.
Англиски: cortex Албански: lëvore

корен повеќе

мн. корени
Вид збор: Именка, машки род
Дел од влакно, нерв, нокот или заб што е враснат во ткивото на организмот.
Англиски: root Албански: rrënjë
Долен дел од некои органи од кој како да расте, да никне органот.
Англиски: root Албански: rrënjë

корпус повеќе

мн. корпуси
Вид збор: Именка, машки род
Тело на човек или животно.
Англиски: body Албански: trup, shtat

кортекс повеќе

мн. кортекси
Вид збор: Именка, машки род
Надворешниот дел од мозокот (мозочна кора), заштитен од черепот.
Англиски: cortex

коса повеќе

мн. коси
Вид збор: Именка, женски род
Cите влакна на главата кај човекот.
Англиски: hair Српски: коса Албански: flokë Бугарски: коса

коска повеќе

мн. коски
Вид збор: Именка, женски род
Одделен тврд дел од скелетот на човек или на животно.
Англиски: bone Српски: кост Албански: eshtër, kockë, koc Бугарски: кост Грчки: οστό

костен повеќе

косниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на коските.
Англиски: osseous Албански: koci, ashti

костур повеќе

мн. костури
Вид збор: Именка, машки род
Сите коски заедно, коскената конструкција на човечко или на животинско тело.
Англиски: skeleton Албански: skelet

кошулка повеќе

мн. кошулки
Вид збор: Именка, женски род
Обвивката на плодот во мајчината утроба.
Англиски: amnion Албански: amnion, cipë

крајник повеќе

мн. крајници
Вид збор: Именка, машки род
Една од двете жлезди што се наоѓаат од двете страни на почетокот од грлото во устата.
Англиски: tonsil Албански: bajame

крак повеќе

мн. краци
Вид збор: Именка, машки род
нога
Англиски: leg Албански: krah

крвоток повеќе

мн. крвотоци
Вид збор: Именка, машки род
Кружно движење на крвта преку срцето и крвните садови.
Англиски: blood circulation Албански: qarkullim gjaku

крило повеќе

мн. крилја
Вид збор: Именка, среден род
Дел од орган во телото на човек или на животно.
Англиски: lung Албански: krah

крст повеќе

мн. крстови
Вид збор: Именка, машки род
Долниот дел на 'рбетниот столб и карличните коски со кои cе вкрстува.
Англиски: back Албански: kryqëza

крстен повеќе

Види и: крст (м.)
крсниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на крстот, што е дел од крстот.
Албански: pjesë e kryqit

кубе повеќе

мн. кубиња
Вид збор: Именка, среден род
Небо, непце во горниот дел од усната празнина.
Латински: palatum Англиски: palate Албански: kube, qiellzë
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш