Анатомија - категорија

рака повеќе

мн. раце
Вид збор: Именка, женски род
Секој од двата горни члена на човека; делот од зглобот до врвовите на прстите.
Англиски: hand Српски: рука Албански: dorë Бугарски: ръка

раме повеќе

Види и: рамо (ср.)
мн. рамења
Вид збор: Именка, среден род
рамо
Англиски: shoulder Албански: sup

раменен повеќе

рамена
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на рамо.
Англиски: shoulder Албански: supi, supeve
Примери:
Рамена коска.

рамо повеќе

мн. рамена
Вид збор: Именка, среден род
Дел на човечкото тело од вратот до горниот крај на раката.
Англиски: shoulder Албански: shpatull
Дел од телото на животно или птица.
Англиски: shoulder Албански: kurriz

рачица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
рака
Англиски: hand Албански: dorë

рбет повеќе

мн. рбети
Вид збор: Именка, машки род
(’рбет) Главен дел од скелетот на човек и на некои животни што се протега по должината на грбот.
Англиски: spine Албански: kurriz

рбетен повеќе

рбетниот
Вид збор: Придавка
(’рбетен) Кој се однесува на ’рбет.
Англиски: spinal

рбетен столб повеќе

Вид збор: Сложенка
Осков скелет на рбетниците.
Латински: columna vertebralis Англиски: spine

рбетник повеќе

мн. рбетници
Вид збор: Именка, машки род
(’рбетник) ’рбет
Англиски: spine Албански: kurriz

рбетница повеќе

Види и: рбет (м.)
(едн.) рбетницата
Вид збор: Именка, женски род
(’рбетница) ’рбет
Англиски: spine Албански: kurriz

ребрен повеќе

ребрениот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ребро.
Примери:
ребрена коска

ребро повеќе

мн. ребра
Вид збор: Именка, среден род
Долгнавеста тесна коска што оди од 'рбетот кон градите.
Англиски: rib Албански: brinjë

резец повеќе

мн. ресци
Вид збор: Именка, машки род
преден заб
Англиски: incisor Албански: prerës

ректум повеќе

мн. ректуми
Вид збор: Именка, машки род
Крајниот дел од дебелото црево.
Латински: intestinum rectum Англиски: rectum

респираторен повеќе

респираторниот
Вид збор: Придавка
Што служи за респирација, дишни патишта.
Англиски: respiratory

ретина повеќе

(едн.) ретината
Вид збор: Именка, женски род
Внатрешна чувствителна опна на окото.
Англиски: retina Албански: retinë

рилка повеќе

мн. рилки
Вид збор: Именка, женски род
усни
Англиски: lip Албански: buzë, buçkë

рнка повеќе

мн. рнки
Вид збор: Именка, женски род
(’рнка, почесто мн.) ноздра, носница
Англиски: nostril Албански: flegër hunde

родница повеќе

мн. родници
Вид збор: Именка, женски род
Надворешен дел од женскиот полов орган.
Англиски: labia

рожница повеќе

рожницата
Вид збор: Именка, женски род
Надворешна прозрачна ципа на окото.
Латински: Cornea Англиски: cornea Албански: kornea, cipë syri

рскавица повеќе

мн. рскавици
Вид збор: Именка, женски род
Тврдо соединувачко ткиво на организмот на животни и луѓе.
Англиски: cartilage Албански: kërc

рскавичен повеќе

рскавичниот
Вид збор: Придавка
Што е од 'рскавица.
Англиски: cartilaginous Албански: kërcor

русоок повеќе

русооки
Вид збор: Придавка
Кој има сини очи.
Англиски: blue-eyed Албански: sykaltër
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш