Анатомија - категорија

наддланка повеќе

мн. наддланки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од раката што е над дланката.
Англиски: wrist Албански: mbishuplakë

надлактица повеќе

мн. надлактици
Вид збор: Именка, женски род
Делот од раката од лактот до рамото.
Англиски: upper arm Албански: krah

натколеница повеќе

мн. натколеници
Вид збор: Именка, женски род
Делот од ногата над коленото, бут.
Англиски: thigh Албански: kofshë

неврон повеќе

мн. неврони
Вид збор: Именка, машки род
Нервна клетка — основна единица во градбата на нервниот систем.
Англиски: neuron

непце повеќе

мн. непца
Вид збор: Именка, среден род
Горниот сводест дел од усната празнина.
Англиски: gum Албански: qiellzë

нерв повеќе

мн. нерви
Вид збор: Именка, машки род
Секој од влакнестите органи кои се разгрануваат од главниот и од 'рбетниот мозок кон периферијата на организмот и ги примаат и пренесуваат дразбите од надворешната средина.
Англиски: nerve Албански: nerv

нога повеќе

мн. нозе
Вид збор: Именка, женски род
Еден од деловите на телото на човекот и на животните со кој се оди.
Англиски: leg Српски: нога Албански: këmbë Бугарски: крак
Долниот дел од ногата на човекот, од глуждот до прстите.
Англиски: foot

ножен повеќе

ножни
Вид збор: Придавка
Што е дел од нога, што се однесува на нога.
Албански: këmbe

ноздра повеќе

мн. ноздри
Вид збор: Именка, женски род
Еден од двата отвора на носот носалка.
Англиски: nostril Албански: flegër

нокот повеќе

Види и: нокт (м.)
мн. нокти
Вид збор: Именка, машки род
нокт
Латински: unguem Англиски: nail Српски: нокат Албански: thua Бугарски: нокът

нокт повеќе

мн. нокти
Вид збор: Именка, машки род
Тврд рожен израсток на горната страна од прстите на рацете и нозете. 2. Остар рожен израсток на нозете на животните.
Латински: unguem Англиски: nail Српски: нокат Албански: thua Бугарски: нокът

нос повеќе

мн. носови
Вид збор: Именка, машки род
Орган на мирисот и еден од дишните органи, кој се наоѓа на средината од лицето кај човекот и на предниот дел од главата, над устата, кај животните.
Англиски: nose Српски: нос Албански: hundë Бугарски: нос

носе повеќе

Види и: нос (м.)
мн. носиња
Вид збор: Именка, среден род
нос
Англиски: nose

носен повеќе

носениот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на нос.
Англиски: nasal Албански: hundor, nazal

носиште повеќе

Види и: нос (м.)
мн. носишта
Вид збор: Именка, среден род
нос
Англиски: nose Албански: hundë e madhe
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш