Анатомија - категорија

заб повеќе

мн. заби
Вид збор: Именка, машки род
Забите се цврсти органи, сместени во забни јамички (алвеоли) на горната и долната вилица од устата на човекот или животното.
Латински: dentes Англиски: tooth Српски: зуб Албански: dhëmb Бугарски: зъб

забало повеќе

забалото
Вид збор: Именка, среден род
Горен и долен дел од вилицата каде што се распоредени забите.
Англиски: denture

задник повеќе

мн. задници
Вид збор: Именка, машки род
Долниот заден дел од телото на човекот; заден дел од животно.
Англиски: bottom Албански: prapanicë

задница повеќе

мн. задници
Вид збор: Именка, женски род
задник
Англиски: bottom Албански: prapanicë

залисток повеќе

мн. залистоци
Вид збор: Именка, машки род
Составен дел во вид на лист што затвора, поклопува некој отвор (кај срце).
Англиски: cardiac valve Албански: valvolë

заноктица повеќе

мн. заноктици
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Кожата околу ноктот, на коренот од ноктот.
Англиски: hangnail Албански: fije përreth gishtrinjëve

затилник повеќе

мн. затилници
Вид збор: Именка, машки род
Заден дел на главата.
Англиски: back of head Албански: zverk

затилок повеќе

мн. затилоци
Вид збор: Именка, машки род
Заден дел на главата.
Англиски: back of head Албански: zverk, qafë

заушен повеќе

заушниот
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа зад ушите.

зглоб повеќе

мн. зглобови
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се допираат и се поврзуваат две или повеќе коски.
Англиски: joint Албански: nyje
Очна дупка.
Англиски: eye socket Албански: zgavër syri

здлапка повеќе

мн. здлапки
Вид збор: Именка, женски род
дланка
Англиски: palm Албански: shuplakë

зеница повеќе

мн. зеници
Вид збор: Именка, женски род
Средишниот дел на окото што со своето ширење или стеснување ја пропушта светлината внатре и го овозможува гледањето.
Латински: pupilla Англиски: pupil Албански: ag, bebëz

зеничен повеќе

Види и: зеница (ж.)
зеничниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на зеница.
Албански: i agut, i bebzës
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш