рбет
мн. рбети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 7560
1.
(’рбет) Главен дел од скелетот на човек и на некои животни што се протега по должината на грбот.
Примери:
Му го скрши ’рбетот на коњот.
Слично со:
рбетен столб (сло.)
2.
Врв, врвен дел на нешто.
Примери:
По остриот ’рбет на ридот.
3.
Основен, најважен дел на нешто, што го потпира.
Примери:
’рбетот на движењето
Изрази
(разг.) Без рбет е - подлизурко.
(разг.) Свива рбет - се покорува.