столб
мн. столбови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2445
1.
Потпирач поставен вертикално како носечки елемент.
Примери:
сала на столбови
мермерен столб
2.
Валчест труп од дрво, камен, метал укрепен во нешто вертикално.
Примери:
телефонски столб
граничен столб
3.
потпирач, опора
Примери:
Тој беше столб на организацијата.
4.
Голема маса од вода, прашина, чад или слично во столбовиден облик.
Примери:
столб од прашина
Изрази
(разг.) Столб на срамот - јавно осудување на некого.