столб (м.)
Се разнесоа две силни експлозии и се крена висок столб вода.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Во другата улица изби од земја неподвижен столб.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пред тоа, кога се качуваше по камените столбови на жолтата трикатница искитена над темелот од детски креди со смешни глави и забранети зборови, се чудеше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не знаеше и не се бореше да за не сонува ли или повторно доживува или сега за прв пат влегува во оној настан што можеби еднаш го дожевеал само како мисла, како колебливост, како туѓ настан, што расне во ассоцијации на сетилата-од линија или звук или мирис, или се заедно, и стои како недогледен пламенен столб збуцан во темнината. Како вжарен нож.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На веселана девојка со очи натопени во грев, на безгрижната група спортисти со торби преку рамо, на мајсторон на врв електричен столб, не може никој да им закачи бројка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Детето без брзање влезе во куќата, а тој сиот столб од нерви и црно месо, виде на хоризонтот лет на ѕвездена опашка и одмавна со глава: среќен пат, скитницо!
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Јаким се отпушти на бетонскиот столб, омаломоштен и свенат, како исушено дрво, што ја изгубило и последната жилка, што го сврзувала со земјата...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Беше младо и јако стебло во својата увереност: на седум рида лежат седум чуда, седум потпорни столбови на човечката мудрост: Аристотел, Поло, Галилеј, Њутон, Дарвин, Кох, Ајнштајн.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Го зафати желба да ја види час поскоро гредата што требаше да биде неговиот срамен столб.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беше синозелен мраз во неговата длабочина, беше искадравен во дебелите столбови мранзули, полеани и плиснати надолу, како замрзнувањето да беше фатило и скаменило само еден миг од разиграноста на палавиот поток, со сета негова боја, со сиот негов немир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А таму имаше што да се види: куќичка со црвен покрив, алишта - бели, црвени, жолти, - прострени да се сушат, крави и теле на една ливада, високи електрични столбови и жици оптегнати од еден до друг... А зад сето тоа - рид!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Скоро секој миг ќе се покаже по еден столб низ предното стакло од автомобилот и додека трепнеш со очи тој веќе е назад.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А на телефонските столбови број не им се знае.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Пљачката Толе ја насочил на друга посока, пљачка државни имоти, та удри, ете го, дури директно на самата војска, на столбот на царштината.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
4. ШТО САКА НЕКА БИДЕ, ТОЈ Е УЧЕН ДА ТРПИ - и невин, од виновните на срамен столб качен, од честа испокината сурат циркуски ќе скрпи, па другите засмевајќи ги, самиот ќе плаче...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Оваа голема сала ја држат 36 огромни мермерни столбови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Беше вечер кога се најдов во „Сите“, и пред „Нотр-Дам“, која ме фрапираше со својот огромен портал и величествените столбови, и на кои се држеше огромниот покрив на црквата, на кој беше потпрена големата камбанарија која, кога ја видов, не сакајќи ми ги одведе мислите на некогашниот нејзин ѕвонар Квазимодо и на неговата Жералдина, од романот на Виктор Иго.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Раскошна архитектура, мермерни шедрвани, бавчи и цвеќиња и двор опашан со висок ѕид, босфорски води, огромни мермерни столбови. 14.500 кгр. злато, кристал, хареми, тешки персиски килими, мермерни бањи, уметнички слики, фрески, полилеи, едно баснословно богатство - тоа е „Долма Бахче“...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)