колено
мн. колена
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 746
1.
Зглоб на човечката нога што ги спојува бедрената и потколеничната коска; дел од ногата на кој се наоѓа зглобот.
Примери:
Има убави колена.
2.
Соодветен зглоб или дел од предна или задна нога на животно.
Примери:
Клекна на колена.
Ги раскрвави колената.
3.
Дел од ногата над коленовиот зглоб.
Примери:
Детето седи врз колената на татко си.
На колена му лежеше пушката.
4.
Дел од облеката што го покрива тој дел од ногата на човекот.
Примери:
Ги искинал колената.
Коленото му беше подзакрпено.
5.
Спој кај цевки, ќунци и сл.
Примери:
Донеси едно колено да ја наместиме чешмата.
6.
Здебелениот дел на стебленцата на билките од каде што излегуваат листовите.
7.
Род, степен на сродство.
Примери:
Едвај ги познавам братучедите до трето колено.
8.
поколение, генерација
Примери:
Песната се пренесувала од колено на колено.
јуначко колено
Изрази
Крв до колена - големо крвопролевање.
Му (ми, ти...) заиграа колената - се уплаши.
На колена ќе се влече, ама ќе го направи - не се откажува.
Изведенки
коленце ср.
мн. коленца
дем. и хип.
мн. коленца
дем. и хип.